20:09 - 27 ноември, 2026

Нов напад на Русите на пристанишниот град Одеса, бомбардирање и во Харков: „Напад со стратешки авиони“

Руските сили во раните утрински часови уште еднаш го погодија пристанишниот град Одеса, во јужна Украина, објави шефот на воената управа на регионот, Сержи Брачук, пренесува Гардијан. Ракетниот напад се случил со помош на „стратешки авиони“, рече тој.

Минатата сабота, само 12 часа по потпишувањето на договорот со Киев за извоз на жито од јужните пристаништа на Украина, Русија ја бомбардираше Одеса со крстосувачки ракети.

И не само Одеса. Харков утрово беше погоден од руско бомбардирање. Градоначалникот Игор Терехов изјави дека нападот на руските сили бил извршен во центарот на градот. Станбена зона во вториот по големина град во Украина, Харков, утрово била погодена. „Уште едно ноќно бомбардирање на градот“, напиша Терехов, додека шефот на регионалната државна администрација во Харков, Олег Синегубов, рече дека нападот се случил околу 5 часот наутро. „Окупаторите ја нападнаа цивилната инфраструктура на областа Слобид во Харков. Покривот на салонот за автомобили се запали поради бомбардирањето“, коментира тој.

Слични објави

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо
Се вчитува....