23:06 - 29 ноември, 2026

Ниту Паркинсоновата болест не може да го победи Ози Озборн: Не сакам никогаш да одам во пензија!

Познатиот рок и метал музичар Ози Озборн (71) изјави дека е свесен за Паркинсоновата болест од која боледува уште од 2003 година, но нема намера никогаш да ја остави музиката и да се пензионира.

Принцот на темнината одлично се држи, а неодамна објави и нов албум, откако претходно откри дека изминатата година му била многу тешка токму поради оваа болест.

– Минатата година бев во многу лоша состојба поради здравјето. Имав операција на грбот која беше доста проблематична – изјави Ози.

Светските медиуми пишуваат дека музичарот годината која е зад нас ја опишал како „проклет пекол“.

– И покрај тоа што беше тешко, не смеам да дозволам болеста да ме запре. Нема да се откажам од музиката – порача Ози.

View this post on Instagram

@NMEmagazine

A post shared by Ozzy Osbourne (@ozzyosbourne) on

71-годишниот музичар неодамна го претстави новиот материјал, а тој дури порача и дека набргу сака да објави уште еден албум.

Ози смета дека на фановите им должи нова музика и дека е фокусиран само на тоа.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....