8.8 C
Скопје
07:14 - 30 април, 2024

Најголемиот измамник во историјата: На една лага заработил милијарди (ФОТО)

Мекгрегор својата земја ја нарекл Појаис, а себеси се прогласил за нејзин принц.

Грегор Мекгрегор, поранешен војник и авантурист, во 1820 година дошол до големо парче земја во Средна Америка, на подрачјето на денешен Хондурас. Земјата наводно ја добил како принц на Појаис, држава за која никој претходно не слушнал.

Мекгрегор својата земја ја нарекл Појаис, а себеси се прогласил за нејзин принц.

Кога по патувањето во Америка се вратил во Велика Британија, веднаш започнал маркетиншка кампања за да привлече инвеститори во својата земја.

Image result for poyais flag

Според неговите приказни, Појаис, малку поголем од Велс, бил земја на мед и млеко. Плодно земјиште, студени реки преполни со злато, густи шуми со мноштво егзотични плодови и дивеч.
Освен што ја опишал земјата која била дијаметрално спротивна на го величале авантуристичкиот дух и храброста на оние што ќе се осмелат да тргнат во авантура и тврдел дека треба да вложат пари во експедициите.

Мекгрегор едноставно бил роден трговец. Ветувал рај на земјата на своите инвеститори и им ја продавал приказната дека треба да бидат пример за другите и дека е важно што побрзо да реагираат за да не ја пропуштат својата шанса.

Во случај некој да не му верувал, со себе носел книга за предностите на малата островска нација која наводно ја напишал капетан Томас Стрејнџвејс, а се работело за негова творба. Исто така печател и лажни пари кои им ги давал на инвеститорите.

Image result for poyais map

Заработил милијарди

Неговата тактика се покажала како спектакуларна. Мекгрегор собрал 200.000 фунти готовина и скоро 1,3 милиони фунти во обврзници (денес тоа би била противвредност од 3,6 милијарди фунти.
Кон крајот на 1822 година и почетокот на 1823 година тргнале првите експедиции кон Појаис, поточно 250 ентузијастични идни доселсници.

Но кога стигнале, затекнале сосема поинаква ситуација од ветената.

На брегот немало пристаништа, населби ни патишта, земјата не била погодна за обработка, а од реките со злато немало ни трага ни глас. Набрзо неподготвените Шкотланѓани почнале да умираат еден по друг, сè додека преостанатата третина од нив не ги спасил бродот што ги пренесол до Белизе.

Image result for poyais prince

Во Велика Британија се вратиле 50-на од нив, па весниците почнале да пишуваат за големата измама.

Мекгрегор побегнал во Франција каде што повторно почнал да ја продава истата приказна, но тамошните власти брзо го прочитале и го затвориле.

А Појаис до денес истанала непокорена и напуштена дивина.

Слични објави

Имаат ангелска душа: Три хороскопски знаци кои простуваат колку и да се повредени

еспресо

Астропрогноза за вторник, 30 април: Подарок од универзумот за Лавовите, важен ден за Овните

еспресо

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

еспресо

Принова кај познатата двојка: Петар Грашо и Хана Хуљиќ го очекуваат своето второ дете

Еспресо

(Фото) Македонката Татјана Јанушева блесна на престижна модна ревија во Франција

Еспресо

Синот на Цеца ја расплака нацијата: Вељко Ражнатовиќ се откажа од паричната награда, еве за кого одат 5000 долари

Еспресо
Се вчитува....