05:54 - 7 ноември, 2026

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Чоколадото и јаболката се совршен спој за сочен колач што освојува уште со првиот залак. Подготовката е едноставна, а богатата чоколадна глазура го прави уште попримамлив.

За подготовка на тестото потребни ви се следниве состојки:
– 3 шолји рендани јаболка
– 2 чаши брашно
– 1 чаша шеќер
– половина чаша масло
– 1 шолја гриз
– половина шолја кисела вода
– 3 лажици какао
– 1 прашок за печиво
– 1 лажичка сода бикарбона
– 1 лажичка цимет
– 1 рамна лажица ванилин шеќер
– 2 лажици џем по избор

За чоколадната глазура подгответе:

– 200 грама темно чоколадо за готвење без млеко
– 3 лажици масло

1. Во подлабок сад ставете ги ренданите јаболка, посипете ги со шеќерот и добро промешајте. Оставете ги да отстојат околу 30 минути за да го пуштат сокот.

2. Во друг сад измешајте ги сите суви состојки, односно брашното, гризот, какаото, прашокот за печиво, содата бикарбона, циметот и ванилиниот шеќер.

3. Во смесата со јаболка додајте ги маслото, киселата вода и џемот, а потоа добро промешајте.

4. Постепено додавајте ја смесата од суви состојки во влажните состојки, постојано мешајќи додека не добиете мазна смеса без грутки.

5. Плех со димензии 20 × 30 сантиметри обложете го со хартија за печење или лесно намачкајте го со масло и посипете го со брашно.

6. Истурете ја смесата во подготвениот плех, рамномерно распоредете ја и печете во претходно загреана рерна на 180–200 степени околу 30–40 минути.

7. Оставете го печениот колач малку да се излади, а во меѓувреме на пареа растопете го чоколадото со маслото за да ја подготвите глазурата.

8. Прелијте го изладениот колач со чоколадната глазура и оставете ја целосно да се стегне пред да го исечете на коцки.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....