9.8 C
Скопје
08:23 - 20 април, 2024

Морничава приказна за островот на кој НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА СТАПНЕ! Штом стапнете на него, имате само ЕДЕН ЧАС ЖИВОТ И ТОА ДОКОЛКУ СТЕ СРЕЌНИК! (ВИДЕО)

Островот на змиите не е имагинарна локација од кошмарите или хорор филмовите туку реално место кое луѓето навистина го нарекуваат така иако локално уште е познат под името Кеимада Гранде.

Оддалечено е на околу 30 километри од крајбрежјето на бразилскиот Сао Паоло, а гледано од птичја перспектива изгледа восхитувачки убаво поради изобилството од зелената вегетација, преубавото карпесто крајбрежје опкружен со кристално чисто море, послано со сонце и опкружено со кристално чистото море.

Меѓутоа, идејата на сурферскиот рај и еготичната локација за одмор брзо паѓа во вода затоа што островот на змиите не го добил своето име пради својот облик туку затоа што е дом на најсмртоносните змии на светот кои таму ги има во изобилство. На Земјата не постои друго место на кое концентрацијата на отровните змии е поголема – истакнуваат научниците. Површината на островот изнесува околу 0.45 квадратни километри, а исходот е јасен – таму не само што ќе видите змии отровници туку ќе видите стотици видови од нив, односно по една змија на секој метар.

Не е ни чудно што на тој остров не живеат луѓе, а единствениот доказ за човечко пoстоење на тој остров е светилникот изграден за да се избегнат бродоломи. Некој морал да го изгради светилникот и да управува со него, а според легендите во 1900-те години на островот живеел некој човек кој бил задолжен токму за тоа.

Последниот светилничар кој го одржувал светилникот и неговото семејство не преживеале затоа што наводно змиите влегле во нивниот дом низ отворените прозорци. Друга страшна приказна говори за рибар чиј чамец се насукал на обалата, па морал да се засолни на островот. Додека се обидел да набере банани, змиите го фатиле на самото дрво. Во обид, да побегне, змиите го каснале неколку пати.

По автоматизацијата на светилникот бразилската морнарица го затворила островот за јавноста и единствените луѓе на кои им е дозволен пристап таму се членовите на истражувачките тимови кои собираат научни податоци.

Разните видови на ѕвечарки од семејството на лутици останале заробени на островот кога нивото на океанот пораснало па ги издвоило од копното. Природната селекција овозможила змиите да се прилагодат на својот нов дом па поради тоа дошло до пораст на нивната популација затоа што немале природни непријатели, а од друга страна имале доволно храна за да преживеат.
Змиите воглавно се хранат со птици, а доколку каснат човек важно е да се знае дека отровот на златните змии буквално го топи човечкото месо на местото на убодот и дури пет пати е посилен од отровот на другите отровни змии.

Смртоносниот вид кој локално се нарекува Квеимада Гарнде е непознат, а причината лежи во тоа што овој остров е нивниот единствен дом. Имаат преубава златна боја, а главите им се во облик на копје. Ова семејство змии е одговорно за околу 90 смртни случаи во Бразил.

Колку е отровна говори и тоа што едно каснување од црната мамба го „гаси“ нервниот систем, ја парализира жртвата и во 100 проценти од случаеви предизвикува смрт. Се чини дека не може да биде полошо од тоа, освен фактт дека отровот од црна мамба ги претвара вашите внатрешни органи во каша. Не постои случај во кој некој преживеал доволно долго за да стигне до болница.

– Кога станува збор за овие змии тогаш дефинитивно тоа е особено болна смрт – објасни биологот Брајан Фрај, еден од истражувачите кој се осмелил да стапне на островот.

– Во секој случај, ќе умрете врескајќи, додава Фрај.

Поради огромната популација на отровниците бразилската влада ја забранила посетата на островот, а единствените исклучоци се дозволите за научниците и истражувачките тимови, кои мораат да носат заштитни одела и со екипата мора да има и дежурен лекар.

Меѓутоа, кога нешто е ретко и така опасно, , секогаш се наоѓаат авантуристи кои сакаат да го пробаат „забранетото овошје“. Од таа причина постои и црн пазар за тури кои водат на островот, како и црниот пазар за набавка на златните змии. Цената на една змија наводно се движи од 10 до 30 илјади долари.

Отровот на златните змии во денешните тестирања покажал фармацевтски потенцијал и веќе се користи за изработка на лекови за намалување на крвниот притисок, а се верува дека може да се користи и за спречување на згрутчување на кртва, срцеви болести и проблеми со циркулација.
Според една легенда, златната змија лутица дошла на островот благодарение на гусарите кои сакале да го чува скриеното злато. Но не биле свесни дека тие ќе се размножат во толкав број.

Слични објави

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо
Се вчитува....