21:50 - 8 ноември, 2026

„Ми ја „зема“ невиноста и ме искористи, а јас му пеев на свадба“: Вања Мијатовиќ проговори за своето болно минато

Пејачката Вања Мијатовиќ неодамна стави крај на бракот со својот сопруг Александар, но дури и пред тоа, таа немаше многу среќа во љубовта.

Во една спрска емисија, таа зборуваше за својот емотивен живот и се сети на момчето од кое ја изгуби невиноста.

– Бев многу заљубена во момчето со кое бев за прв пат, но тој, како 99 отсто од мажите, едноставно ме искористи. И пеев на неговата свадба … Па, времето лекува сè, не ми беше тешко. Бев среќна, иако навистина ме повреди – изјави Вања тогаш.

По таа неуспешна врска, пејачката имаше романса со Грк со кого дури и се вери, но ни тоа не успеа, па веридбата беше раскината.

„Мојот сопруг не ме остави затоа што сум дебела“

– Вистина е дека се разведувам и морам да кажам дека ми е мило што се разделуваме како нормални луѓе и пријатели. Морам да кажам дека луѓето даваа секакви коментари и причината за нашиот развод, но тоа не е вистина, тој не ме остави затоа што бев дебела, или што и да е – рече Вања и додаде:

– Не сакам моето име или неговото име да се оцрнува, особено не неговото затоа што тој не е дел од јавниот свет и нема потреба од тоа – изјави Вања Мијатовиќ, пренесува „БЛИЦ“.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....