14:05 - 9 ноември, 2026

Меган Маркл има понуди за враќање на глумата: „Сега може да стане ѕвезда од А листата“

Гласините кои ја поврзуваат Меган Маркл со враќање на актерството продолжуваат да се разгоруваат, во голем дел поради неочекуваниот успех на „Suits“ на Нетфликс.

Војвотката од Сасекс се појави во 108 епизоди од правната драма пред да си замине во 2017 година и да се омажи за принцот Хари.

Сепак, серијата ова лето стана хит на стриминг платформата, соборувајќи рекорди како серија број еден трета недела по ред.

Маркл се втурна во светот на подкастингот и добротворната работа откако се откажа од својата позиција како постар член на кралското семејство, а таа претходно изјави дека нејзините актерски денови се зад неа.

„Глумата нема да биде област на фокус, Меган Маркл нема да се враќа пред камера и нема да ја продолжи кариерата како актерка“, рече портпаролот на WME кога потпиша со нив договор во април.

Меѓутоа, сега има сугестии дека Маркл можеби има промена на планот. А тоа се должи на неверојатниот успех на „Suits“ на Нетфликс. Според висок претставник на студиото со кое наводно веќе војвотката од Сасекс има потпишан договор, Меган наголемо се спрема да се врати на глумата, пишува Сандеј Експрес, додавајќи дека за успехот на серијата токму Меган е „движечката сила“.

„Сакајте ја или мразете ја, луѓето не можат да се заситат од неа, а нејзините советници во WME се целосно свесни дека сега може да стане ѕвезда со големина од А-листа за секој филм или ТВ-проект во кој ќе избере да настапува“, нагласува изворот и додава – Дали може да си дозволи да го одбие она што стана сега за неа златна можност?

„Нејзините советници ѝ велат дека никогаш не била во подобра позиција да ја заработи својата слава со нови проекти пред камерите, со оглед на неверојатната побарувачка од обожавателите да ја гледаат нејзината стара улога во „Suits“, вели изворот.

Сигурно ќе биде интересно да се видат следните потези на Маркл, во случај таа навистина да ѝ се врати на старата професија.

Слични објави

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....