14:45 - 2 април, 2026

Меган и Хари останаа без своите титули, но и без парите на Кралицата!

Нов шок во кралскиот дворец – принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) останаа без титула, односно више нема да им се обраќаат со „нивното височество“, пишува BCC. Тоа значи дека сега, помеѓу останатото, може да ги прифаќаат комерцијалните понуди кои ги сакаат. Сепак, тие двајца и понатака ќе останат војводи од Сасекс и така од сега па натака ќе им се обраќаат.

Палатата објавила дека Хари и Меган повеќе нема да добиваат јавни пари за кралските должности и дека ќе ги вратат парите кои ги потрошиле за обнова на својата куќа во Фрогмор, односно 2,4 милиони фунти. Таа куќа планираат да ја задржат како свој дом во Обединетото Кралство.


Исто така, брачниот пар повеќе нема да ја претставува кралицата Елизабета Втора (93). Договорот на сила ќе стапи оваа пролет.

„После повеќемесечни разговори и нови расправии, драго ми е што заедно пронајдовме конструктивен и соодветен пат за мојот внук и неговото семејство. Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат многу сакани и почитувани членови на моето семејство“, напишала кралицата Елизабета во службеното соопштение.

„Ги препознавам предизвиците кои ги искусија како резултат на интензивниот надзор во последните 2 години и ја подржувам нивната желба за самостоен живот. Сакам да се заблагодарам на нивната посветена работа во оваа земја, во Комонвелтот и пошироко, а посебно сум горда на тоа што Меган толку брзо стана дел од нашето семејство кое се надева дека денес ќе постигне договор за да овозможи почеток на среќен и мирен нов живот“, додала таа.

Слични објави

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо
Се вчитува....