15:28 - 8 ноември, 2026

Мартина Навратилова пред здравствено искушение – рак на грлото и на градите: „Ќе се борам со сите сили“

На 66-годишната поранешна тенисерка ѝ бил дијагностициран рак на грлото, но и на дојката, откако првично открила зголемен лимфен јазол на нејзиниот врат во ноември. „Овој двоен удар е сериозен, но сепак може да се победи.“

Мартина Навратилова соопшти дека ѝ се дијагностицирани два вида на рак, на грлото и на дојката. Медицинските прегледи на поранешната тениска шампионка започнале во ноември минатата година кога ѝ бил откриен зголемен лимфен јазол на вратот. За време на прегледите, ѝ бил дијагностициран и тумор на дојката.

Со ракот на дојка, Навратилова веќе еднаш се справуваше, во 2010 година, пред 13 години. Тогаш беше подложена на терапија со зрачење, и успеа да ја надмине болеста. Овојпат, поранешната тенисерка првпат го забележала отечениот лимфен јазол на вратот за време на ноемвриското ВTA финале во Форт Ворт, Тексас. Биопсијата открила рак на грлото во прва фаза. Ракот на дојката подоцна бил дијагностициран и не е поврзан со ракот на грло, според портпаролката на тенисерката која освои 59 грен-слема во кариерата, вклучувајќи 18 во сингл.

„Овој двоен удар е сериозен, но сепак може да се победи“, изјави Навратилова за британски „Тајмс“.

„Се надевам на поволен исход. Ќе биде тешко некое време, но ќе се борам со сè што имам“.

Нејзината портпаролка додаде дека и двата вида на рак се во рана фаза. „Прогнозата е добра и Мартина ќе започне со лекување овој месец. Типот на рак е ХПВ и оваа форма на рак многу добро реагира на терапија“.

Деветкратната победничка на Вимблдон, родена во Чехословачка, но натурализирана Американка, требаше да коментира за Австралија опен кој започнува на 16 јануари, но нема да биде во ТВ студијата во Мелбурн.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....