6.8 C
Скопје
04:07 - 19 октомври, 2026

Марин: „Се надеваме дека нема да има напади од руска страна“; Русија: „Реакцијата ќе биде пропорционална на присуството на НАТО на териториите на Финска и Шведска“

Сана Марин, финската премиерка, даде интервју за италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“.

„Мислам дека во оваа фаза е важно да се остане смирени, да се води дискусија со Турција и сите други земји членки, да се одговари на прашања кои може да се појават и да се поправат сите недоразбирања. Секој проблем може да се реши со дискусија и добра волја. Тоа е. Важно е да се поддржи Украина и да се осигураме дека таа ќе победи во војната со обезбедување оружје, финансиска и хуманитарна помош, со воведување нови санкции против Русија, кои нема да престанат додека не се прекине војната“.

За можноста Русија да изврши воени или хибридни напади врз Финска за време на процесот на пристапување, премиерката рече дека „се надеваме дека нема да има напади од руска страна, но ако ги има, подготвени сме да се соочиме со каква било ситуација, вклучително и сајбер напади или хибриди“.

Во меѓувреме пристигна и реакција од Русија за влезот на Финска и Шведска во НАТО.

Реакцијата на Русија за приемот на Финска и Шведска во НАТО ќе биде сразмерна на военото присуство на Алијансата на териториите на овие две земји, но во секој случај безбедноста на Руската Федерација ќе биде „гарантирана“. Ова го изјави Валентина Матвиенко, претседател на советот на Руската Федерација, Горниот дом на Парламентот, во интервју за весникот „Известија“.

„Во воена смисла, реакцијата на Русија ќе биде пропорционална и соодветна на присуството на НАТО на териториите на овие две држави, за тоа каков вид оружје ќе биде распоредено. Но, можам да гарантирам дека безбедноста на Русија секако ќе биде обезбедена “, рече таа.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....