25.8 C
Скопје
21:37 - 8 септември, 2026

Деспина ни ги открива искуствата со својот домашен миленик – зајаче: „Тргнав по храна за папагал, а се вљубив во Пинки“

Деспина Кузманова е од Скопје, сопственичка е на салон за убавина, но тоа не е ништо невообичаено. Она што е интересно кај неа е миленикот кој што го обожава најмногу на светот. Пинки е зајче, а на Деспина ѝ е неразделен придружник во текот на целиот работен ден.

Пинки се храни со сено, јаболка, банана и моркови, а омилени му се смоките. Фото – приватна архива

Маче или куче се најчестите миленици, но ти имаш поинакво животно. Зошто зајче?

– Едноставно се заљубив, тргнав по храна за папагал ама не ја купив храната го здогледав и го купив него, не можете да му оделеете.

На колкава возраст го зема, колкав е Пинки сега?

– Пинки имаше неколку месеци, ми се чини два, сега има 2 години.

Како дојде до идеја да го крстиш Пинки?

– Го чувам во салонот каде што работам, сѐ е розево и сакав да му одговаара и името,а имаа и розеви очиња.

Што е потребно за да се чува зајак дома?

– Потребно е кафез и мала соба да може да си трчка. И многу љубов секако.

Со што се храни Пинки?

– Пинки се храни со сено, јаболка, банана и моркови,а омилени му се смоките.

Кога се слушнавме Пинки грицкаше телефон на твоја другарка, дали се чести таквите „инциденти”? Откриј ни неколку интересни случувања…

– Да да, ха ха, покрај тоа што слатко изгледа тој е гооолем белјаџија, ама сладок, не можеш да му се налутиш иако веќе радиото нема да ти работи, последно и најинтересно ми го изеде половина тефтер за термини, па морав од ново да закажувам!

Какви миленици се зајчињата, дали можат да се дресираат?

– Мили, нежни и питоми, сè зависи од тоа колку вие имате време и трпение исто како со човекот, искрено секое животно сака внимание и троение, Пинки знае каде да јаде точно и каде да врши нужда, а каде да спие.

Што е со хигиената? Како треба да се бања Пинки?

– Зајчињата може да се бањаат, но во домашни услови и не мора, сами се чистат како мачињата

Што обожава, а што не сака Пинки?

-Обожава смоки и сè што е солено, не сака да го фаќаат за нозе.

Доколку повторно треба да бираш миленик, дали би одбрала зајче повторно?

– Да, без сомнение, дури размислувам за другарче на Пинки.

Што треба да знае секој кој ќе сака да чува зајче дома?

-Да бидат сите со трпение, тој е глодар и е поразличен од мачките и кучињата,не сака гласни звуци и нагли движења, но на крај едноставно да не се мислат, како миленик зајакот е прекрасен!

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....