13.8 C
Скопје
18:53 - 24 октомври, 2026

Марија Шерифовиќ збесна поради коментарите на Саша Поповиќ: Ти си огромен селјак!

Во „Ѕвездите на Гранд“ честопати има судир на мислења меѓу членовите на жирито, а доказ за тоа е последната ситуација кога српската пејачка Марија Шерифовиќ збесна поради коментарите на Саша Поповиќ.

Имено, Марија по еден од настапите имала замерки за пеењето на две натпреварувачки, што јасно им ставила до знаење, но со својот коментар го испровоцирала Саша, кој навистина ја „удрил“ таму каде што не смеел.

„Изгледате одлично, но немате поим, не пеете добро“,  рече Марија.

На овој коментар веднаш изреагирал Саша.

„Кога Мара ќе види добра риба, веднаш почнува да сече“, рече тој.

Пејачката видно се вознемирила и бесно му вратила на недоличниот коментар на Саша.

„Тоа не е точно и глупаво е тоа што го кажуваш. Нема врска со мозок, безобразно е, безобразно. Ти си огромен селјак!“, викна Марија.

Саша потоа се обиде да ја смири ситуацијата во студиото, па се присети на првата средба со Марија.

„Верица ми вели ‘Сале, ја донесов мојата Мара’, јас се поздравувам, таа ми вели ‘Море марш таму’!, се присети Саша.

„Веднаш знаев како да се однесувам со тебе“, му рече пејачката.

Слични објави

„Каде и да одиме, Верица ме срами“: Вељко Кузманчевиќ се пошегува за сопругата која е 35 години постара од него

Е.А.

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

(Фото) Алекса Балашевиќ сподели глетка што ги топи срцата: Малата Вера не го пушта братчето од прегратки

Еспресо
Се вчитува....