9.8 C
Скопје
04:42 - 25 октомври, 2026

(Фото) Дарко Лазиќ дивеел со спортски мотор и покрај забраната за возење: Мајката на пејачот е очајна

Пејачот Дарко Лазиќ имаше неколку проблеми со законот поради сообраќајни прекршоци. Иако му е одземена возачката дозвола и му е забрането да вози до февруари 2024 година, на пејачот не му е гајле.

Имено, освен љубовта кон брзото возење, Дарко е голем љубител на големи, спортски мотори. Вчера со другарите од мото клубот се возел на мотор и дивеел по патот, што го објавил и на својот Инстаграм.

– Дарко не може да се смири. Иако знае дека пресудата му стана правосилна и дека не смее да вози ништо до февруари следната година, сега си ја исполнува желбата да вози брзи спортски мотори. Прво во мото клубот, а сега се пресели по блиските патишта. Човекот не сака да го почитува законот. Тој само предизвикува проблеми. Вчера тој и неговите другари возеа ненормално брзо, се тркаа меѓу себе… Направија хаос на патот – изјавил извор близок на пејачот кој е загрижен за неговата безбедност.

Во оваа прилика се огласи и мајката на Дарко, Бранка.

– Не знам што да ви кажам. Ги немам видено тие фотографии. Ако тоа е вистина, јас сум шокирана. Не верувам во ништо додека не видам, имаше многу измислици. Мора да е шега. Мојот Дарко сега навистина внимава, имаше многу проблеми поради тоа возење – ни изјави мајката на пејачката.

Слични објави

(Фото) Синот на Брена тргна на пат со девојката: Фотографијата од лифтот привлече внимание, сите гледаат што има на рамото

Еспресо

(Фото) Карлеуша од глава до пети во „Гучи“, од вкупната цифра ќе ви се сврти во главата!

Еспресо

„Каде и да одиме, Верица ме срами“: Вељко Кузманчевиќ се пошегува за сопругата која е 35 години постара од него

Е.А.

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо
Се вчитува....