13:35 - 3 јуни, 2026

Македонката Барбара Поповиќ која „растури“ со изведбата на „Зајди, зајди“ ќе учествува на „Санремо“

Младата пејачка Барбара Поповиќ пред неколку денови ги воодушеви жирито и публиката со импресивната изведба на песната „Зајди, зајди“ во регионалното музичко шоу „IDJ Show“.

Како што дознава „Фокус“, на престижниот фестивал „Санремо“ во 2025 година пред публиката ќе учествува и македонската пејачка.

Од нејзиниот тим за „Фокус“ потврдија дека Барбара ќе биде дел од фестивалот во Италија, а откриваат дека таа има македонско-италијанско потекло, односно нејзината мајка е охриѓанка, а таткото е од Италија.

Барбара е млада пејачка која на сцената е од својата шеста година. Зад себе има учествувано на многу фестивали, како и освоени награди и признанија.

Таа се истакна со својот талент и специфичната боја на гласот, а успеа да ги освои срцата на јавноста и високо котира на листата на „IDJ Show“.

Таа блесна на главната сцена на шоуто, доби голем аплауз од публиката, а потоа имаше можност да ги слушне коментарите на членовите на стручното жири, раперот Реља Поповиќ, пејачката Наташа Беквалац и еден од најдобрите македонски композитори, Дарко Димитров.

Слични објави

Јована Пајиќ искрено за пријателството со Марија Шерифовиќ и шпекулациите за купување куќа на Бали

apostolova

Семејните искушенија на Синан Сакиќ — од тешките моменти во детството до комплицираните односи меѓу децата

Е.А.

(Фото) Елена Најдоски ужива во Италија со сопругот: Романтика во Пуља, пловидба со јахта и вечера со Мишелин ѕвезда

Еспресо

„Остана само сенка од старата таа…“: Мина Костиќ е целосно скршена, им открила шокантни детали на другите пациенти

Еспресо

Дара Бубамара за караницата Јелена Карлеуша: „Беше добар шоубизнис, но никогаш немаше зла крв“

Е.А.

Сања Николиќ застана зад Слаткар по одлуката да се откаже од средствата за филмот: „Приказната зад камерите е поинаква“

Еспресо
Се вчитува....