17.8 C
Скопје
13:59 - 25 октомври, 2026

Јована Пајиќ искрено за пријателството со Марија Шерифовиќ и шпекулациите за купување куќа на Бали

Пејачката Јована Пајиќ неодамна организираше промоција по повод нејзиниот нов музички проект, чиј спот го сними за време на едномесечниот престој на Бали. Таа пред камерите сподели дека е пресреќна за финализирањето на проектот и дека автентичните кадри од оваа егзотична дестинација се поклопиле токму онака како што посакувала.

Инспирирани од нејзиното блиско пријателство со Марија Шерифовиќ, медиумите ја прашаа дали деловната соработка со пријатели може да донесе несогласувања, на што Јована одговори:

„Кога ќе пронајдеш сродна шифра и кога немаш претерани очекувања, нема простор за недоразбирања. Ако алудирате на пријателството со Марија, зад нас се веќе 15-16 години дружење и би било навистина глупаво да имаме какви било караници околу работата“.

Јована додаде дека парите најмногу сака да ги троши на патувања и на својата кариера, бидејќи тоа го смета за инвестиција, додека материјалните работи како облеката не ѝ се страст.

Во однос на гласините кои кружат во јавноста дека Марија Шерифовиќ купува недвижност во Азија, таа кратко ги демантираше:

„Колку што јас знам, никој од нас таму не купува ништо. Таму е вистински рај и секој би посакал да има свој имот, но тоа се само желби. Мене дестинацијата никогаш не ми е пресудна, најважно ми е околу себе да ги имам моите луѓе“.

Слични објави

Љубовната приказна на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ — се заљубиле, раскинале, па повторно се пронашле

К.С.

Недела е за нешто слатко — рецепт за францускиот колач „Наполеон“ со крцкави кори и нежен крем од ванила

К.С.

(Фото) Северина се огласи од Палермо: „Кога си на Сицилија, биди Сицилијанка“

Т.Ц.

Витамините не се најдобрата заштита од настинки и грип, лекар открива што навистина помага

К.С.

Гоца Тржан се присети на дружењето со Тоше Проески: „Имав голема среќа токму со мене да го сними својот прв дует“

Т.Ц.

(Фото) Синот на Брена тргна на пат со девојката: Фотографијата од лифтот привлече внимание, сите гледаат што има на рамото

Еспресо
Се вчитува....