24.8 C
Скопје
17:01 - 4 октомври, 2026

Дара Бубамара за караницата Јелена Карлеуша: „Беше добар шоубизнис, но никогаш немаше зла крв“

Пејачката Дара Бубамара се осврна на повеќегодишниот јавен судир со Јелена Карлеуша, кој своевремено привлекуваше огромен медиумски интерес. Таа истакна дека денес на целата таа ситуација гледа со насмевка и смета дека меѓу нив никогаш немало вистинска омраза.

„Тоа беше најгледаното шоу кое многу чини! Никогаш тоа не ми беше нешто страшно, немаше зла крв. Сега дури ми е и симпатично. Таа ми кажа сè и сешто, но и јас ѝ вратив. Кога го гледав нејзиното интервју умирав од смеа, а и таа се смееше на моето. Јелена никогаш не направи нешто со што навистина би ја загрозила мојата кариера“, објасни Дара.

Пејачката појасни дека целата приказна започнала од новинарите и со текот на времето прераснала во медиумски спектакл, но меѓу нив немало сериозна причина за нетрпеливост. Поради тоа, нивното подоцнежно помирување дошло како сосема природен след на настаните, па Карлеуша дури беше и нејзин гостин на големиот концерт во Арената.

Дара на крајот заклучи дека иако денес не се во секојдневен контакт, меѓу нив нема лоши емоции.

Слични објави

Неделен хороскоп од 5 до 11 октомври: Скорпиите ги очекуваат разговори за иднината, Раковите ги мачат морални дилеми

Т.Ц.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ првпат ја покажа дневната соба — вака изгледа вистинската елеганција без нималку кич

Еспресо

„Кој губи има право да се лути“: Карлеуша „згрме“ од Милано, а сега и Зоран со еден потег предизвика лавина од реакции

Еспресо

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо

Да се потсетиме на „Кажи нешто, драга“ – песната која ја овековечи Драган Мијалковски и стана еден од најубавите македонски евергрини

Т.Ц.

(Видео) Поранешниот на Џејла Рамовиќ во прегратка со Милица Павловиќ во Љубљана! Не се одвојувале еден од друг

Еспресо
Се вчитува....