17.8 C
Скопје
18:30 - 4 октомври, 2026

Сања Николиќ застана зад Слаткар по одлуката да се откаже од средствата за филмот: „Приказната зад камерите е поинаква“

Јавноста деновиве е поделена по одлуката на Агенцијата за филм да поддржи документарен проект инспириран од животната приказна на Марко Маринковиќ – Слаткар.

Додека дел од јавноста му честиташе за проектот, други упатија критики и обвинувања дека сакал да користи државни средства.

Слаткар претходно појасни дека документарецот не е фокусиран само на неговиот живот, туку ја обработува темата на пелтечењето – предизвик со кој се соочуваат многу деца. Во филмот се прикажува и неговото лично искуство, односно како музиката и пишувањето текстови му помогнале да ја надмине оваа пречка и да пронајде сопствен глас.

По бројните реакции во јавноста, раперот преку социјалните мрежи соопшти дека се откажува од средствата доделени за проектот, нагласувајќи дека тие не биле наменети за него лично.

Во неговата објава стои:

„Деновиве читам секакви коментари и вести. И повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме.

Сакам една работа да биде јасна… ниту барав, ниту мене ми се доделени пари.

Поддршка доби документарен филм и еден многу посветен тим кој веќе две години работи на приказна што преку мојот живот зборува за многу повеќе од мене.

И искрено сум благодарен на комисијата од Агенцијата за филм која ја препозна важноста на оваа тема.

Но, не сакам проектот кој зборува за разбирање, прифаќање и поддршка да започне со поделби.

Затоа одлучивме филмот да се реализира без средствата доделени од Агенцијата за филм.

Продолжуваме понатаму… Заедно со сите наши поддржувачи, соработници и пријатели на кои сум им неизмерно благодарен.

И со најважната поддршка од вас луѓето кои ме сакаат, почитуваат и ценат. Светот ќе го чуе гласот на најтивките. Се гледаме на премиера“.


Набргу по неговата објава пристигна и јавна поддршка од сопругата Сања Николиќ, која досега не се огласуваше за целата ситуација.

Таа ја сподели објавата на Слаткар на својот инстаграм-профил, додавајќи:

„А приказната од зад камерите е поинаква… секогаш искрена, но понекогаш доста тешка. И тој… еден и свој“.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Слични објави

„Вјекослава ја познавам од мојата 19-та година“: Данијела Мартиновиќ искрено за мајката на Хана Хуљиќ

Е.А.

Неделен хороскоп од 5 до 11 октомври: Скорпиите ги очекуваат разговори за иднината, Раковите ги мачат морални дилеми

Т.Ц.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ првпат ја покажа дневната соба — вака изгледа вистинската елеганција без нималку кич

Еспресо

„Кој губи има право да се лути“: Карлеуша „згрме“ од Милано, а сега и Зоран со еден потег предизвика лавина од реакции

Еспресо

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо

Да се потсетиме на „Кажи нешто, драга“ – песната која ја овековечи Драган Мијалковски и стана еден од најубавите македонски евергрини

Т.Ц.
Се вчитува....