17:54 - 15 ноември, 2026

„Остана само сенка од старата таа…“: Мина Костиќ е целосно скршена, им открила шокантни детали на другите пациенти

Српската пејачка Мина Костиќ е хоспитализирана во психијатриската установа „Д-р Лаза Лазаревиќ“ во Белград, а српските медиуми деновиве објавуваат нови детали за нејзината здравствена состојба и околностите што му претходеле на лекувањето.

Според пишувањата на српските медиуми, Костиќ во установата била примена во придружба на полиција поради агресивно однесување. Иако претходно се појавија информации дека би можела да остане на лекување 30 дена, засега не е познато колку долго ќе трае нејзиниот престој во болницата.

Неименуван извор, на кој се повикуваат медиумите во Србија, тврди дека пејачката за време на приемот разговарала со други пациенти и отворено зборувала за проблемите со кои се соочува.

Според истите информации, таа наводно признала дека во минатото се борела со зависност од дрога и дека користела кокаин, како и дека поради тоа побарала стручна помош од психијатри.

„Мина е целосно скршена. На другите пациенти им се пожалила дека сето ова ѝ се случува поради многуте проблеми што ги има дома и поради Каспер, кој живее далеку од неа, а во кого е многу вљубена. Им признала и дека пред пет години едвај се извлекла од зависност од дрога и дека поради тоа разговарала со психијатри. Рекла дека користела кокаин. Постојано повторувала дека е зла, што звучело морничаво и предизвикувало непријатност кај луѓето околу неа“, тврди изворот.

Изворот тврди и дека Костиќ моментално е во тешка психичка состојба и дека пред неа претстои долг процес на закрепнување.

„Буквално е сенка од старата Мина. Делува многу уморно и исцрпено, како да не спиела со денови. Има и чести психотични епизоди. Сето тоа е навистина тажно. Сè уште не е познато дали ќе остане на лекување еден месец, тоа допрва ќе се одлучува. Засега е на интензивна нега. Сигурно е само дека пред неа е долг и тежок период на закрепнување“, изјавил соговорникот.

Медиумите во Србија наведуваат дека пејачката подолг период се соочува со депресија, а причините, според нивните извори, се поврзани со приватни и професионални проблеми. Меѓу нив се споменуваат врската на далечина со нејзиниот партнер, намалениот број настапи и стравот од здравствени проблеми.

Во меѓувреме, соседи на пејачката изјавиле дека во последниот период забележале промени во нејзиното однесување и дека не изгледала среќно.

Засега нема официјално соопштение од семејството или од медицинската установа за здравствената состојба на Мина Костиќ, а најголем дел од информациите се темелат на неофицијални извори пренесени од српските медиуми.

Слични објави

Верица Ракочевиќ искрено за бракот со 35 години помладиот Вељко: „Ќе ја почитувам неговата одлука, а ако се предомисли, ќе останеме најдобри пријатели“

Е.А.

(Фото) Српскиот голман со сопругата ужива во одмор во сребрена капсула за 2.500 евра по лице – само за една ноќ: Еве за што станува збор

Еспресо

Тројна прослава во семејството на Кнез – И тој и ќерка му ќе прават свадба, а ова е третата посебна причина за славење

Еспресо

(Фото) „Камерите се гасат, ама нашата приказна допрва ќе се слушне!“ — заврши снимањето на филмот за Слаткаристика

К.С.

Пред да почне работната недела — пет навики што ќе ви помогнат да седите помалку на работа

К.С.

Сузана Манчиќ крие диплома од Правен факултет: „Татко ми беше новинар, мајка ми сопран, а сите беа зачудени што завршив на естрадата“

Е.А.
Се вчитува....