14:55 - 15 ноември, 2026

(Фото) Елена Најдоски ужива во Италија со сопругот: Романтика во Пуља, пловидба со јахта и вечера со Мишелин ѕвезда

Елена Најдоски повторно привлекува внимание со својот префинет стил, овојпат за време на одморот во Италија, каде што престојува со сопругот Бојан.

Парот деновиве ужива во убавините на регионот Пуља, поточно во живописното крајбрежно гратче Полињано а Маре, познато по спектакуларните погледи и медитеранскиот шарм.

Фото: Инстаграм/Елена Најдоски

Од таму Елена сподели низа фотографии и видеа со своите следбеници, откривајќи дел од атмосферата на нивното патување. Меѓу моментите што ги објави се прошетките низ градските улички, вечерата во ресторан награден со Мишелин ѕвезда, како и пловидбата со јахта покрај италијанскиот брег.

Според објавите, таа била особено воодушевена од гастрономското искуство и услугата во ресторанот, кои ги оценила со највисока оценка.

Фото: Инстаграм/Елена Најдоски

Покрај патувачките впечатоци, внимание привлекоа и нејзините модни комбинации. За пловидбата избра мини-фустан, бела марама Dior и впечатливи бели очила за сонце, додека за вечерното излегување носеше фустан од тантела во комбинација со Dior чанта. Во една од објавите се појави и во романтичен розов фустан дополнет со чанта Jacquemus.

„Living la dolce vita in Polignano a Mare (Живееме убав живот во Полињано а Маре)“, напиша Елена на Инстаграм, каде што следбениците ја опсипаа со комплименти за нејзиниот изглед и стил.

Фото: Инстаграм/Елена Најдоски

Слични објави

(Фото) „Камерите се гасат, ама нашата приказна допрва ќе се слушне!“ — заврши снимањето на филмот за Слаткаристика

К.С.

Пред да почне работната недела — пет навики што ќе ви помогнат да седите помалку на работа

К.С.

Сузана Манчиќ крие диплома од Правен факултет: „Татко ми беше новинар, мајка ми сопран, а сите беа зачудени што завршив на естрадата“

Е.А.

Џина Џиновиќ објави видео во едно од своите највпечатливи изданија досега

Е.А.

(Фото) Наздрави за „четвртина век“ — Јанг Дади го прослави 25. роденден и доби честитки од познатите

К.С.

Појадок што мириса на пита со јаболка — рецепт за крцкав тост со рикота и цимет

К.С.
Се вчитува....