25.9 C
Скопје
18:58 - 19 јуни, 2026

Маја Шупут на концерт му посвети песна на дечко ѝ: „Шиме, ова е за тебе“

Маја Шупут приреди незаборавен спектакл во Водице, каде што, меѓу бројните хитови, му посвети посебен момент на Шиме Елез, воодушевувајќи ја публиката.

Фестивалот Водице, еден од најпознатите летни настани во Далмација, годинава привлече бројни домашни и странски гости. Централниот дел од прославата се одржал во клубот „Ла Плаја“, а публиката ја забавувале Маја Шупут, Конект и Цвија со своите хитови и добро расположение.

На самиот почеток од настапот, енергичната Маја изјавила: „Имате енергија, можете да пеете, можете да танцувате и никој не брза да си оди дома! Остануваме до утрото! Очекувам рацете да ви бидат во воздух, задниците да ви работат лево-десно и да правите сè што младите луѓе го сакаат. Вечерва славиме дека не сме нормални и дека сме живи и здрави.“

И еден посебен момент се случи пред изведбата на нејзината најнова песна „Нисам ја за мале ствари“, кога Маја го поздрави Шиме Елез во публиката и ја најави песната со зборовите: „ Шиме, ова е за тебе “. Публиката ја награди со громогласен аплауз, додека Шиме уживаше во вниманието и среќно се фотографираше со обожавателите.

Врската на Маја и Шиме е тема на јавна дискусија во последните недели откако медиумите ги поврзаа со моменти поминати заедно на јахта во близина на Брач.

Слични објави

Откриено колку пари се вложени во Јаков Јозиновиќ: Пејачот зема убава сума, а менаџерите „дебело“ заработуваат

Еспресо

(Фото) Вистинската елеганција никогаш не поминува незабележано – совршениот фустан ве чека во бутикот „Прагма“

Еспресо

Десингерица ја искритикува Марија Шерифовиќ: „Одлично пее, но е полна со комплекси“

Еспресо

Драган Стојковиќ Босанац проговори за драмата со лекарот: „Ти остануваат уште три години живот“

Еспресо

(Видео) Главна на Јадранот – Јована Јеремиќ заплива во морето во светкаво бикини

Еспресо

Малкумина го знаат ова: Со што се занимавала Емина Јаховиќ пред музичката кариера?

Еспресо
Се вчитува....