04:57 - 28 ноември, 2026

КОЛКУ ЧИНИ стајлингот на Констракта за Евровизија?

Претставничката на Србија на Евросонг, Ана Ѓуриќ Констракта издвоила голема сума пари за својот настап на Евровизија.

Ана Ѓуриќ Констракта во четврток отпатува за Торино каде ќе ја претставува Србија на овогодинешната Евровизија. Таму ќе настапи во втората полуфинална вечер, која ќе се одржи на 12 мај, а многубројната публика е желна да го види настапот на жената која за многумина стана интересна „преку ноќ“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @konstrakta

Факт е дека многу се пишува и зборува за Констракта. Таа ја привлече домашната, балканската и светската јавност со својата необична харизма, но и со необичната песна со која ќе ја претставува Србија, како и со стајлингот за кој често се зборува.

Ана еднаш откри дека купува облека на пазар бидејќи не се оптоварува со брендови и луксузни парчиња, но за евровизискиот стајлинг издвоила повеќе од 450 евра, пишува Курир.

Ана на првата прес-конференција на Евровизија се појави во широки беж панталони чија цена е 200 евра.  Но, поголемо внимание привлече маицата со извезениот „је * ига“, која чинела 20-на евра.

Покрај тоа, ја искомбинирала црвената чанта која ја носела околу половината, за која издвоила околу 190 евра, додека „боросанките“ ги зачувала за самиот настап (ги платила 40-на евра). Наместо нив, носела патики за кои платила околу 45 евра, пренесува мондо.рс.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....