15.8 C
Скопје
09:44 - 9 мај, 2026

Која беше Џорџина Родригез пред да го сретне Роналдо: „Бев и чистачка, ништо не ми беше проблем“, заработував 300 ЕВРА МЕСЕЧНО!

Пред да стане девојка на фудбалскиот ас, убавицата Џорџина Родригез била скромната девојка со совршени телесни пропорции (85-62-90), а месечно заработувала околу 300 евра кога се запознала со Роналдо во бутик во Мадрид.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Брзо по прват средба во бутикот, двајцата се сретнале на настан и тогаш веќе релаксирано разговарале.

„Тоа беше љубов на прв поглед“, рекла Џорџина.

Во Шпанија живеела со сестрата – студентка, немале доволно пари и живееле во скромен стан. Џорџина уште од тинејџерка имала голема желба за успех.

Со над 37 милиони следбеници на Инстаграм, Џорџина е денес една од најголемите инфлуенсерки, и соработува со бројни познати модни марки и козметички брендови.

Откако е со Роналдо, нејзиниот живот изгледа како сон, но патот до успехот не бил ни малку едноставен.

На 4-годишна возраст се запишала на академија за танц.

„Не бев баш убаво дете. Сигурно не бев најубава во одделениото. Едноставно, се чувствував нормално. Танцот ме научи на дисциплина и на љубов кон уметноста“, раскажала Џорџина.

Подоцна отишла во Бристол за да го усоврши англискиот јазик и да се вработи како дадилка.

„Бев и чистачка, ништо не ми беше проблем“, признава Џорџина.

Денес со Роналдо е на врвот на светот, а заедно со фудбалерот се грижат за четирите деца, најстариот син на Роналдо Кристијано јуниор, близнаците Ева и Матеа кои ги родила сурогат мајка и нивното биолошко дете, ќерката Алана Мартина. Вчера пак, ја објавија големата трагедија – смртта на нивното новородено детенце – момче, додека девојченцето – близначка е во добра здравствена состојба.

Фудбалерот на Јувентус своевремено признал дека неговата мајка сонува како тој оди кон олтарот со Џорџина.

„Многу ми помогна. Секако, вљубен сум во неа“, рекол Кристијано.

Голема трагедија во семејството: Роналдо и Џорџина го изгубија бебето

Слични објави

„Евровизија е за една недела, а јас сум без глас“: Членка на хрватската група „Лелек“ се бори со инфекција

Т.Ц.

Гордоста на Лидија Вукиќевиќ – Синовите Андреј и Давид се нејзиниот најголем успех

E.A.

Не ја пропуштајте: Новата колекција на „Капитол го дефинира машкиот стил оваа пролет

Еспресо

Ела Дворник со нов имиџ – инфлуенсерката ја скрати косата и стана „Парижанка“

E.A.

ФОТО | Радост во семејството Гаџа — Адријан стана татко

apostolova

(Фото) Милица Тодоровиќ се пресели во нов стан: Мајка ѝ веднаш објави фотографии

Еспресо
Се вчитува....