21.8 C
Скопје
19:31 - 7 мај, 2024

Фарбањето и дарувањето јајца за Велигден се практикува насекаде низ светот, а еве какви други обичаи имаат различни земји

Иако во различни делови од светот за најголемиот христијански празник, Велигден, се поврзани различни обичаи, во целиот христијански свет е застапено фарбањето и дарувањето јајца. Јајцето е симбол на обновување на природата и животот, а велигденското црвено јајце значи радост и за тие кои го даруваат и за тие кои го примаат. Заеднички обичај е празничната и богата вечера околу која се собира целото семејство.

Дознајте како се прославува Велигден во различни делови од светот.

Германија
Во Германија за најмладите во градините се кријат корпи со јајца и чоколадни фигури, а дрвјата ги украсуваат со шарени украсни јајца.

Франција и Америка
За Велигден во Франција, по традиционалната миса и барање на скриеното јајце во градината, семејството се собира на трпезата на печено јагне, а другиот ден обично е предвиден за семеен излет, додека на југозападниот дел на земјата за Велигденски Понеделник се прави џиновски омлет. Децата стојат во круг и во воздух фрлаат и фаќаат шарени јајца, додека во Америка ги кријат јајцата во куќата, дворот или градината, а потоа децата ги бараат, уверени дека во текот на ноќта ги скрил велигденскиот зајак, оставајќи слатки и други подароци.

Русија
Домаќинките во Русија однапред ја подготвуваат велигденската трпеза, со задолжителен симбол „кулич“ – велигденски колач од тесто и јајца, осветен на Голема Сабота. Осветена е и „пасха“, специјално јадење од младо сирење, павлака и јајца, со облик на пирамида, украсена со зашеќерено овошје, кое според традицијата го претставува симболот на гробот на Исус. Исто така „пасха“ е симбол на „полна куќа” и со неа се почестуваат гостите во знак на добредојде. И во Русија вообичаено е варење и фарбање јајца. Со векови најомилена детска игра е „кршење со јајца“, во која од противникот со победа се освојува неговата играчка или друго велигденско јајце кое го донеле со себе.

Грција
Во Грција, Велигден не може да помине без црвени јајца, велигденски супи од јагнешки внатрешни органи, сладок колач и јадења од јагнешко месо. Јагнешката супа и јајцата обично се јадат во недела наутро по полноќната служба. Во недела наутро обичај е да се пече јагне на ражен, а луѓето во тек на повеќечасовното печење јадат мезе и пијат узо. Сепак, најзначаен обичај е фарбањето на јајца во црвена боја и поставување на првото офарбано јајце пред икона во куќата.

Еден од обичаите кој се практикува на островот Крф е и фрлање на „ботиседа“, керамички садови наполнети со вода од прозорците на улицата.

Бугарија
Велигденските обичаи во Бугарија се како и во другите православни земји кои се формирале со векови, а главно место на велигденската трпеза во Бугарија е „козињак” (домашна штрудла) и јајца исфарбани во црвена боја. Јајцата се завиткуваат во зелен трпезариски чаршаф (зелената е национална боја во Бугарија) и се носат во црква за осветување. Во Бугарија популарни се и велигденските фигури од чоколадо и шеќер во форма на зајак. На Велики Четврток се фарба првото јајце и се подготвува тесто за велигденскиот леб, кој има многу имиња во Бугарија – Велигденско кравајче, господова пита, корпа, харман, квасник, јајченик, плетенка или кукла. Бугарите го подготвуваат велигденскиот леб со црвени јајца во средината кои се подаруваат на првиот гостин што ќе ги посети. Во неделата Бугарите одат во црква на света литургија и со свеќа во рака се враќаат во домовите. Исто така, во Бугарија обичај е за Велигден да се носи нова облека која го симболизира Исусовото воскреснување и раѓањето на нов живот на пролетта.

Италија
Во Италија традиционално се подготвува посебна велигденска „торта ди паскета”, солен колач со варени јајца и спанаќ, а празникот го дочекуваат со „коломбо”, колач во облик на гулабица која е симбол на добри вести. Сличен златножолт велигденски колач, кој се нарекува „мона”, се пече и во Шпанија, некаде и со јајца кои се редат на површината пред да се пече.

Англија
Во Англија на празничната маса наместо јагнешко, вообичаено служат шунка, и таму велигденските јајца се задолжителен дел од празникот.

Полска
Интересно е дека во Полска крајот на постите завршува кога на велигденската утринска миса ќе се благослови и испразни корпата наполнета со храна. За велигденскиот ручек се служи јагне направено на путер, кое ја симболизира пролетта. Децата заземаат посебно место за време на прославата на Велигден.

 

 

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ направи добро дело, па сега мора да оди на суд поради тоа!

Еспресо

Петар Грашо го коментираше доаѓањето на новороденчето: „Нè радува што гледаме колку луѓе се радуваат со нас“

Еспресо

Ана Николиќ се вселила во стан кај Рале, соседите открија мрачни тајни: Се расправаа со недели

Еспресо

Среќници на неделата: Три хороскопски знаци ќе имаат за што да прослават многу наскоро

еспресо

Никола Роквиќ објави фотографии од венчавката: Ѝ упати емотивни зборови на сопругата

Еспресо

(Видео) Цеца покажа како ужива во вилата на Дедиње: Пејачката се релаксира покрај базен во доцните часови

Еспресо
Се вчитува....