20.8 C
Скопје
15:03 - 11 октомври, 2026

КОЈ МОЖЕ ДА ГИ ЗАДРЖИ СОЛЗИТЕ? Украинско девојченце ја пее песната „Let it go“ и ги црта децата кои се со неа во подрумот, додека на неколку метри паѓаат бомби

На социјалните мрежи се споделува видеото во кое малото украинско девојче Амелија на нејзиниот јазик ја пее песната „Let it go“ од цртаниот филм на „Дизни“, Frozen. Кој може да ги задржи солзите?

Амелија  ја пее песната со чисто срце, со невиност на дете, додека присутните слушаат немо. Само на неколку метри над нивните глави продолжуваат да паѓаат бомби фрлени од руските минофрлачи.

Сцената, снимена во нешто што личи на подрум на куќа во Киев, ја виде цел свет,  предизвикувајќи илјадници реакции. Авторката на клипот, Марта Смехова, на Фејсбук изјавила дека детето исто така се обидело да го одвлече вниманието кон неа и на другите деца кои биле заедно со неа во подрумот со тоа што почнало да ги црта.

„Од првиот збор што го изговори Амелија – напиша таа -, во засолниште завладеа целосна тишина. Сите престанаа да го прават тоа што го правеа, за да ја слушаат. Зрак светлина. Ниту мажите не можеа да ги задржат солзите“.

„Ситуацијата на децата и семејствата во Украина е сè поочајна“, рече Мурат Сахин, претставник на УНИЦЕФ во источноевропската земја.

Во изминатите неколку часа со објава на социјалните мрежи се огласи и Олена Зеленска, сопругата на украинскиот претседател, која напиша: „Морам да ви кажам, најмалку 38 деца веќе починаа во Украина. И оваа бројка може да се зголеми“, барајќи фотографиите од убиените деца да им бидат прикажани и на руските мајки.

ПОТРЕСНА ОБЈАВА НА СОПРУГАТА НА ЗЕЛЕНСКИ: До сега починаа најмалку 38 деца, еве ги лицата на децата кои никогаш нема да пораснат!

Слични објави

Сузана Манчиќ го продаде станот и откри зошто нејзиниот сопруг спие во хотел: „Кога го виде тоа, донесе одлука“

Еспресо

Чолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

Еспресо

(Фото) Сека Алексиќ ослабела 21 килограм, а сега откри и како го постигнала тоа

Еспресо

Тијана Дапчевиќ: Најголемата заблуда е дека имам дрво од кое берам пари

Еспресо

Која храна ги зајакнува коските, а која може да им наштети? Овие намирници се важни за нивното здравје

К.С.

Марија Шерифовиќ: „Не постои поромантична личност од мене, штета…“

E.A.
Се вчитува....