16:31 - 1 ноември, 2026

Неда Украден поминала повеќе од 1000 километри за да ја изненади својата обожавателка

Српската пејачка Неда Украден има бројни обожаватели низ регионот, а со некои од нив е во постојан контакт.

Една нејзина обожавателка, 30-годишната Андреја, неодамна го истетовирала името на 71-годишната Неда Украден, нејзината омилена пејачка на раката и на тој начин ѝ оддала посебно признание, а Украден прикладно ѝ возвратила, пренесуваат српските медиуми.

Андреја ја поканила Неда на својата свадба, но мислела дека нема да може да дојде поради обврски и големата оддалеченост. Украден ја изненадила и поминала дури 1000 километри за да стигне на големиот ден на нејзината голема обожавателка.

На венчавката Неда одржала говор, и ја трогнала невестата, како и сите гости.

– За мене е огромно задоволство што сум дел од оваа прослава, оваа прекрасна церемонија на нашата драга Андреја, која имаше голема желба да ѝ бидам гостинка на свадбата. Ако ми верувате, денеска поминав 1000 километри, не сакав да ја разочарам, знам колку и значи овој ден – изјави Неда.

Слични објави

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Алка Вуица се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Жал ми е што не ти напишав повеќе песни“

К.С.

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.

(Фото) Билјана Дебарлиева прослави 32 години брак со сопругот Јован — нивната љубовна приказна започна во Охрид

К.С.
Се вчитува....