09:31 - 8 ноември, 2026

КИМ КАРДАШИЈАН И КАНЈЕ ВЕСТ продолжуваат да се караат на социјалните мрежи: „Те молам, престани со приказните!“

Односите меѓу Канје Вест и Ким Кардашијан и понатаму се затегнати. Главна причина за кавги се децата, иако се чинеше дека двајцата нашле договор со разводот. Всушност, Је не го крие своето противење што нивната 8-годишна ќерка Норт постојано е на ТикТок. Овојпат токму коментарот на Је беше причина за конфликт со поранешната сопруга.

Вест вечера објави на Инстаграм пост во кој се жали дека нема доволно можности да ги види своите четири деца. Еве ги неговите зборови:

„Ова беше на ранецот на ќерка ми кога ми „дозволија“ да ја видам минатата недела. Ова е причината зошто сум толку посветен на моето семејство и зошто настојувам да го заштитам по секоја цена..Не грижи се Норти, Бог е сè уште жив“.

Кардашијан, заситена од постојаните коментари на Вест одлучи да ја искоментира оваа објава повикувајќи го нејзиниот поранешен сопруг да престане да создава имагинативен наратив на фактите. Според Ким, Канје всушност ги видел децата утрото, а не пред една недела.

„Те молам престани со овој наратив, овде беше утрово и ги зема децата за да ги однесеш на училиште“ – забележа Ким.

 

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova
Се вчитува....