14:34 - 22 февруари, 2026

Кети Пери потврди дека е бремена, а веста ја откри во новиот спот (ВИДЕО)

Instagram

Пејачката Кети Пери конечно го објави долгоочекуваниот спот за песната „Never Worn White“, но исто така сподели и прекрасна вест. Таа е бремена и го очекува своето прво дете со актерот Орландо Блум.

Во спотот таа носи елегантен бел фустан како невеста, а потоа ја гледаме во прекрасен фустан преплавен со цвеќиња. Пери на крајот од спотот се појавува во кадар каде што нежно го милува својот, веќе очигледно пораснат, труднички стомак.

„Пресреќна сум. Ние сме радосни и среќни и ова е најверојатно најдолгата тајна што некогаш сум морала да ја чувам“, изјави пејачката и продолжи: „Сакав веднаш да ви кажам се, но знаев дека ќе ви го соопштам ова на најубавиот можен начин, преку музиката, бидејќи тоа е начинот на кој што комуницирам“.

Орландо Блум и Кети Пери се во врска уште од 2016 година, а се верија во 2019 година. Актерот веќе има едно дете, синот Флин, заедно со манекенката Миранда Кер, а за Кети Пери ова е нејзиното прво дете.

Таа за Орландо вели дека тој е посебен и најубавото нешто што ѝ се случило. Исто така, Кети Пери пред некое време се онесвести на сред емисија, што кај некои предизвика сомнежи за бременост, но тогаш ништо не беше потврдено од нејзина страна.

Слични објави

Здравко Чолиќ поминал два часа во полиција, еве што раскажал за бомбашкиот напад врз неговиот дом

Еспресо

(Фото) Синот на Кеба заљубен „до уши“, новата девојка јавно му призна љубов на Игор Којиќ

Еспресо

Хороскоп за 22 феврури: Вагите ги очекува убав љубовен ден, Водолиите ќе имаат многу обврски

Еспресо

(Фото) Семејството Чолиќ повторно во проблем: Уна се огласи – „затоа ја напуштам целата приказна“

Еспресо

Драгана Беквалац неутешна по смртта на најдобрата пријателка: Објави досега невидени фотографии со Татјана Јечменица

Е.А.

(Видео) Скандал на сцена! Десингерица донесе живо јагне среде настап, кутрото животно сакало да избега

Еспресо
Се вчитува....