14.8 C
Скопје
08:56 - 29 март, 2024

Родени се Еди Грант и Џон Фрушанте, објавен e првиот постхумен албум на Џими Хендрикс и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

На денешен ден во минатото се започнати неколку навистина уникатни музички приказни, а родени се и артисти кои засекогаш ја променија оваа уметност. 

Во продолжение прочитајте за најважните музички настани кои се случија токму на денешен ден:

1948 годинаРоден Еди Грант, големата реге ѕвезда, како и лидер на групата „The equals“, кој започна успешна соло кариера од 1982 година. Хитовите како „Electric avenue“,  „Give me hope Joanna“, „I don’t wanna dance“ и уште многу други, оставија длабок печат во реге правецот, а интересно е тоа што и денеска се редовен избор на многу радио станици, но и во многу клубови насекаде ширум светот.

1970 година Роден Џон Фрушанте, американски гитарист, пејач и музчки продуцент, член на групата „Red hot chili peppers“. Во 2009 година, Џон си замина од споменатиот бенд, а истата таа година го објави десеттиот соло албум, додека во 2010 година Фрушанте беше прогласен за најдобар гитарист на светот во изминатите 30 години од страна на слушателите на радиото на Би-Би-Си.

Сега се очекува „Red hot chili peppers“ наскоро да објават нов музички материјал, повторно со Фрушанте, откако неодамна објавија дека славниот гитарист се враќа во бендот.

1971 година – Излезе првиот постхумен албум на Џими Хендрикс насловен „The Cry of love“, како компилација која вклучуваше и песни планирани за неговиот четврти албум, а помеѓу нив се одделија хитовите „Freedom“ и „Angel“.

1980 година – Бранимир Џони Штулиќ и неговата група „Азра“, во студиото на Јадран филм во Загреб почнаа со снимање на песните за својот дебитантски албум, кој го продуцираше Драго Милнарец. Од овој албум произлегоа неколку хитови кои веднаш ја освоија публиката во тогашна Југославија. 

1982 година – Почина Џон Белуши, американски актер и пејач, како и еден од оригиналните членови на американската серија „Saturday night live“. Белуши беше пејач во бендот „The blues brothers“, познат и по истоимениот филм во режија на Хон Лендис од 1980 година.

2001 година – Виртуелниот британски бенд „Gorillaz“ ја објави песната „Clint Eastwood“, која е комбинација од електронска музика, хип-хоп и рок. Оваа песна всушност го најави првиот албум на „Gorillaz“, кој се појави кон крајот на месецот и предизвика вистинска сензација кај публиката.

2002 година – Ози Озборн и неговата сопруга Шерон, заедно со децата Џек и Кели, станаа планетарно славни благодарение на телевизиската ријалити програма „The Osbournes“, која почна да се прикажува на денешен ден во 2002 година и траеше се до 25.03.2005 година.

Слични објави

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо
Се вчитува....