17.8 C
Скопје
14:47 - 18 октомври, 2026

Карлеуша поради изјава отвори војна со бугарската естрада: „Нормално ли е српска пејачка да не навредува, а ние да затвораме очи?“

Бугарската пејачка реагираше по изјавата на Карлеуша дека бугарската музика е ѓубре, а пејачите треба да се свртат кон нешто помодерно.

Пејачката Јелена Карлеуша беше мета на прозивања на нејзината колешка Андреа од Бугарија поради нејзината изјава дека тамошната музика што ја прават композиторите е с*ање.

Андреа, која е голема ѕвезда во Бугарија, застана во одбрана на колегите од Бугарија, па на Јелена ѝ порача дека таа никогаш не би постапила така.

„На Балканот, особено во Србија, во последниве години има шокантен пораст на треш и шунд во музиката, поплава од бугарски петпарачки с*ања, евтини аматери во фустани од три динари и музичка продукција од Таџикистан. Србија и Балканот мора да туркаат напред, а бугарскиот турбо треш да не биде нешто што некој го слуша, освен тајно во четирите ѕида од нивната соба. Музиката мора да оди напред, мора да бидеме во чекор со светската продукција, а зошто да не бидеме и подобри од светот“, рече Јелена при најавата на нејзиниот ов албум „Алфа“.

На тоа Андреа ѝ одговори.

„Дали мислите дека е нормално српска пејачка да ги навредува бугарските изведувачи и творештво, а ние да молчиме и да не ги одбраниме на којбило начин домашните ѕвезди и државата генерално? Кога ги крадеа моите песни од сите држави на поранешна Југославија, јас никого не навредив, особено кога е во прашање мојата песна „Ајде, опа“. Или сме, изгледа, подготвени да ги навредуваме само нашите и да ги затвораме очите кога некому ќе му падне на ум себеси да си прави ПР, промовирајќи омраза кон цела една нација. Не знам, збунета сум, а вие? – прашува Бугарката.

Јелена Карлеуша „пука“ од самодоверба: „Бугарската музика е петпарачка, мојата е пред времето и светска“

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....