11:40 - 9 ноември, 2026

Бритни Спирс во неонски бикини и чизми го коментираше нејзиниот развод: „Сакам да ги покажам моите солзи, но секогаш морав да ги кријам моите слабости“

41-годишната пејачка Бритни Спирс, по речиси еднонеделно молчење, го коментираше разводот со сопругот, фитнес тренерот со иранско потекло Сем Асгари. Тоа го направи традиционално во нејзин стил: објави видео со танц на Инстаграм и детална „анализа“ на ситуацијата.

И тоа го направи на екстравагантен начин, облечена во светло зелени неонски гаќички за капење и високи црни чизми. Нејзините движења традиционално се хаотични и неконзистентни, што, сепак, никако не влијае на нејзината експресивност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria River Red (@britneyspears)

“Како што сите знаат, јас и Сем повеќе не сме заедно. 6 години се огромно време за врска, па затоа сум малку шокирана. Но искрено, не можев повеќе да ја поднесам болката! Некако, телепатски, јас добивам толку многу пораки од пријатели кои ми го стопија срцето и ви благодарам! Предолго танцувам жестоко и мојот Инстаграм можеби изгледа совршено, но тоа е далеку од реалноста и мислам дека сите го знаеме тоа! Би сакала да ги покажам моите емоции и солзи поради моите чувства, но поради некоја причина, секогаш морав да ги кријам моите слабости! Да не влегов во војна со татко ми, ќе бев испратена некаде да ме лекуваат лекари! Но, тогаш мене најмногу ми требаше фамилијата!Треба да сакаш безусловно…не под услови! Па, јас ќе бидам силна колку што можам и ќе дадам се од себе! Во глобала, добро ми е! Имајте убав ден и не заборавајте да се насмеет!” – напиша Бритни на објавата.

 

Слични објави

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova
Се вчитува....