04:05 - 9 ноември, 2026

Јелена Карлеуша објави видео од караницата со Цеца во судница: Ми рече дека сум гроб!

Српската пејачка Јелена Карлеуша на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) објави видео од судењето со Светлана Цеца Ражнатовиќ. Карлеуша тајно го снимила видеото на кое се слушаат само гласови, за време на рочиштето со Цеца.

– Гробовите глочкаат и чесен човек нема тоа да го премолчи, а на другата страна има многу гробови – изјави Јелена.

– Токму еден гроб седи преку патот со очила – одговорила на тоа Цеца.

– Само што ми кажа дека сум гроб со очила. Дали го дозволувате тоа во вашата судница? Ајде, ставете го тоа во записник, и дека адвокатот ви се заканува дека нема да поминете добро – му се обрати Јелена на судијата.

– Дали сум гроб со очила? Тие што се обидоа да нѐ помират не поминаа добро, но вие не го слушнавте тоа? – продолжи таа.

– Судија, можно ли е таа да крева врева во вашата судница? – додаде Цеца.

ПР службата на Цеца вели дека пејачката не сака да го коментира видеото што Карлеуша го објави на социјалната мрежа. Многумина веднаш коментрирале за тоа дали е дозволено да се снима судењето и дали тоа што го објавила Карлеуша е казниво, без разлика дали процесот е завршен, односно дали е донесена пресуда.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....