01:06 - 8 ноември, 2026

Јелена Ѓоковиќ го пие овој пијалак наместо утринското кафе, а идеален е за слабеење!

Познато е дека Новак и Јелена Ѓоковиќ многу внимаваат на исхраната и на тоа што внесуваат во своето тело. Сопругата на познатиот тенисер понекогаш споделува совети за исхрана на социјалните мрежи, предлага вегански алтернативи и великодушно споделува здрави рецепти.

Така Јелена Ѓоковиќ еднаш откри дека редовно пие чај од куркума, кој ѝ помага да остане во добра форма. Куркумата се смета за многу здрава намирница која го обновува целото тело, особено црниот дроб, а освен за зајакнување на имунитетот, се користи и за слабеење.

Куркумата е позната по своето термогено дејство, бидејќи природно ја зголемува внатрешната температура на телото, што го забрзува процесот на разградување на мастите. Ова фантастично растение и „чудо на природата“ го поттикнува метаболизмот, а со тоа и варењето, како и потрошувачката на калории.

Зголеменото количество на масно ткиво во телото предизвикува воспалителни процеси. Интензивното воспаление може да ја намали отпорноста на ткивото на инсулин, што го принудува телото да складира сè повеќе и повеќе калории како маснотии.

Главната активна состојка во куркумата е куркуминот, кој делува на два начина:

Има термогено дејство, природно ја зголемува внатрешната температура на телото и го забрзува процесот на разградување на хранливите материи, особено на мастите.

Куркуминот исто така го забрзува метаболизмот, варењето и согорувањето на калориите.

Покрај куркуминот, синергијата на сите состојки на куркумата влијае на чистењето на целиот организам, особено на црниот дроб. За полесно да ослабеме, важно е редовно да го чистиме црниот дроб, бидејќи тој игра клучна улога во согорувањето на маснотиите. Ако црниот дроб е преоптоварен, неговата работа се забавува, што го отежнува слабеењето.

Како да користите куркума

Најлесен начин да ја искористите куркумата е да ја употребувате како зачин. Особено се препорачува во комбинација со ориз, лиснат зеленчук и мешунки. Исто така, куркумата најдобро е да се додава во црвеното или белото месо.

Чај од куркума за побрз метаболизам

Доколку сакате да го забрзате метаболизмот, да го подобрите варењето и да го поттикнете слабеењето, тоа можете да го постигнете со пиење чај од куркума најмалку 5 дена по ред.

Потребни состојки:

– ¾ лажичка куркума
– 2 големи лажици домашен мед
– 3 шолји вода

Подготовка:

Растворете ја куркумата во вода и варете додека количината на вода не се намали на доволно за 2 шолји. Процедете, додадете мед и, по желба, малку млеко. Пијалакот е подготвен!

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....