10.8 C
Скопје
23:48 - 13 мај, 2026

На денешен ден пред 10 години нѐ напушти Кемал Монтено: Песните му беа животот

На денешен ден во 2015 година почина Кемал Монтено, кантавторот на незаборавни балади кој остави неизбришлива трага во музичкото наследство на регионот.

Роден во 1948 година во Сараево, Монтено остави зад себе музичко наследство кое засекогаш ќе биде дел од културното музичко наследство.

Повеќе од четири децении богата кариера донесе бројни албуми и песни кои станаа незаборавни. Со својот уникатен стил и топол глас, Монтено ги освои срцата на публиката низ целиот регион.

Кариерата ја започна во 1967 година на фестивалот „Твојот најголем хит на сезоната“, каде веднаш го привлече вниманието на јавноста со песната „Лидија“. Оттогаш стана редовен гостин на музички фестивали, а неговите песни како „Zemljo moja“, „Sarajevo, ljubavi moja“ и „Nekako s proljeća“ станаа симболи на Сараево и Босна и Херцеговина.

Кемал Монтено беше погребан на 28 јануари 2015 година во Алејата на Великите на сараевските гробишта Баре, на која присуствуваа повеќе од 2.000 луѓе кои дојдоа да му оддадат почит на големиот уметник. Тој беше испратен со звуците на неговата легендарна песна „Сараево, љубави моја“ , која стана своевидна химна на неговиот роден град.

Десет години по неговата смрт, песните на Кемал сè уште живеат, а неговиот уникатен музички израз, во кој се испреплетуваат медитеранскиот шмек и босанската душа, останува незаборавен дел од музичкото наследство на целиот регион.

Слични објави

Снимањето на серијата за Марина Туцаковиќ започна во тајност – познато е кој ќе го игра ликот на легендарната авторка

Еспресо

За Македонката Милена од Неготино пееше цел регион – нејзината средба со Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“ е преточена во најубавите стихови

Т.Ц.

Јала Брат влегува во светот на филмовите – раперот глуми во криминалистички трилер што се снима во Загреб

Еспресо

Која е Викторија Сваровски? Водителката на Евровизија е кралица на кристалите и е во врска со милијардер

Т.Ц.

„Ми ја украде песната“: Познататa пејачка со жестоки обвинувања кон Милица Павловиќ

Еспресо

Клуб масите од орев и епоксидна смола на Wood room го претвораат домот во уметност

Еспресо
Се вчитува....