23:23 - 7 ноември, 2026

Јавноста воодушевена од фотографиите од Меган Маркл без шминка и со локни

На социјалните мрежи кружат фотографии од Меган Маркл како учествува во видео повик најверојатно од нејзиниот дом во Монтесито, Калифорнија, а на нив изгледа како да нема шминка и косата и е кадрава, пишува The Mirror.

Меган воодушеви со својата природна убавина. На фотографиите можете да ја видите нејзината прекрасна темна коса зафатена на едната страна, со природни локни кои се спуштаат по нејзините рамена.

Покрај тие, објавени се и фотографии на кои се гледа како синот на Меган, Арчи, седи во нејзиниот скут покрај нејзината мајка Дорија.

Не се знае точно за што станува збор во видеоповикот, но некои обожаватели шпекулираат дека би можело да се работи за нејзиниот нов подкаст „Archetypes“, чија прва епизода беше објавена пред неколку дена.

Во речиси еден час долгиот подкаст, Меган разговараше со тениската суперѕвезда Серена Вилијамс за „двојните стандарди со кои се соочуваат жените“.

Меган Маркл во првата епизода од нејзиниот подкаст Archetypes зборуваше и за застрашувачкиот момент кога избувнал пожар во просторијата каде што престојувал Арчи за време на нејзината посета на Африка во 2019 година, само неколку месеци по раѓањето на малиот Арчи.

Image

-Кога отидовме на турнеја во Јужноафриканска република, бевме со Арчи. Имаше околу четири и пол месеци. Веднаш штом слетавме, моравме да го оставиме во станбената единица каде што не сместија – ѝ раскажа таа на својата пријателка тенисерката Серена Вилијамс.

– Сакавме да го подготвиме за спиење, но веднаш заминавме на службен ангажман во градот Нијанг, каде што одржав говор пред жени и девојки. Тоа заврши и влеговме во автомобилот ни рекоа: „Има пожар во резиденцијата“. Ги прашав што се случи, а тие ми одговорија дека има пожар во собата на бебето – раскажува Меган.

Кога стигнале до сместувањето, нивната дадилка Лорен била во солзи.

-Требашла да го остави Арчи да спие и само речкла: „Одам долу да каснам нешто.“ Додека се симнувала долу, греалката во детската соба се запалила. Немаше детектори за чад. Некој случајно почувствувал мирис на чад во ходникот и влегол внатре, пожарот е изгаснат – и рекла дадилката на Меган.

По пожарот тие биле сместени во друга резиденција. Иако била исклучително потресена од настанот, Меган морала да продолжи да ги извршува своите кралски должности со нејзиниот сопруг, принцот Хари.

Меган не била задоволна од одлуката дека мора да продолжи со обврските и покрај ситуацијата што им се случила.

– Ова нема смисла. Можете ли да им кажете на луѓето што се случи? Фокусот на крајот беше на тоа како изгледа сето тоа, а не како се чувствуваме после се. Дел од хуманизирањето и пробивањето на овие етикети, архетипови и кутии во кои сме ставени е разбирањето на моментите од зад сцената за кои луѓето можеби не се свесни, и мора да има разбирање. Бидејќи сме тоа што сме, моравме да го оставиме нашето дете“, рече Меган.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....