03:22 - 8 ноември, 2026

„Ја подигнавме врската на следното ниво“: Јована Јеремиќ откри детали за проширување на семејството

Водителката на утринската програма на ТВ Пинк, Јована Јеремиќ, вели дека врската со партнерот Драган Станковиќ ја подигнала на повисоко ниво, и открила дека доаѓа нешто големо, бидејќи сака да основа семејство со него, пренесуваат српските медиуми.

Јована беше пресреќна додека зборуваше на оваа тема, а таа откри дека секој може да погоди каков чекор направил Драган, бидејќи сите посакуваат свадба во блиска иднина.

– Драган направи нешто убаво, но ме замоли само да претпоставуваат што би можело да биде тоа. Врската ја подигнавме на повисоко ниво, не сум жена која сака да губи време со некого со години, ако тоа не води кон ништо, освен брак и семејство – истакнала таа.

Јована тврди дека нема директно да каже што е во прашање бидејќи тој инсистирал тоа да остане тајна, но таа откри дека децата дефинитивно се дел од големиот план што го имаат за во иднина.

-Ќе ве оставам да погодите што е, веќе може да погодите што ѝ прави маж на партнерката пред свадбата, тоа е измеѓу. Со овој човек сакам семејство, деца и мислам дека тоа ќе ми се случи наскоро – изјави Јована, а потоа призна дека Драган добро се согласува со нејзината ќерка.

– Мојата Леа и Драган толку добро се согласуваат, што не можев да бидам позадоволна. Леа често лежи во кревет меѓу нас, тоа се убави моменти. Тие се совпаѓаат толку добро што моето срце е на вистинското место. Така е и со мојот поранешен партнер Воја и Драган. Нема лоша крв, отворено разговарам со нив за сè и тие знаат што мислам во секое време – изјави Јована Јеремиќ.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....