18.8 C
Скопје
19:55 - 11 мај, 2024

Ја нарекуваат „железната кукла“ на Путин, а изворот на нејзиното огромно богатство не е познат

Една од најистакнатите руски телевизиски личности кои ја поттикнуваат пропагандата на Владимир Путин за неговата инвазија на Украина е водителката Олга Скабејева.

Скабеева често ја нарекуваат „железната кукла на Путин“, а редовно изнесувала разни приказни за Кремљ, кои само се интензивирале откако руските трупи влегоа во Украина на 24 февруари. Заедно со нејзиниот сопруг Евгениј Попов, таа ширела неосновани теории на заговор, ги преувеличувала воените успеси на Москва, ги повторувала тврдењата на Кремљ за нацистите во Украина и упатувала страшни предупредувања за Третата светска војна, но и за закани кон Западот, пренесува Дејли Мејл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olga Skabeeva (@skabeevaov)

Затоа некои аналитичари сугерираат дека нејзината реторика „ѕвецкање со оружје“ означила промена на тонот од самиот Кремљ.

Скабеева го обвини британското Министерство за надворешни работи дека не знае како да им помогне на Ејден Аслин и Шон Пинер, кои минатата недела беа осудени на смртна казна со стрелање пред судот во Доњецк.

Таа особено ја исмеала британската министерка за надворешни работи Лиз Трус, омилена мета на руските државни медиуми, откако ги осуди нејзините изјави, за кои рече дека „немаат апсолутно никаков легитимитет“.

„Лондон има за цел да работи за ослободување на Пинер и Аслин, но тие не знаат како да го направат тоа. Лиз Трус ја нарече казната незаконска и вети дека ќе ги избрка Англичаните – и тоа преку Киев. Среќно, Лиз“, се потсмевала Скабејева.

Се прославила известувајќи за судењето на членовите на Пуси Рајот

Токму од таквите изјави Скабејева ја изградила својата телевизиска кариера и се стекнала со слава и богатство во Русија, каде што го води политичкото ток-шоу на Русија-1.

Олга Скабејева е родена во 1984 година во Советскиот Сојуз, а студирала новинарство на Факултетот за новинарство на Државниот универзитет во Санкт Петербург, каде што дипломирала со почести во 2008 година. Таа ја започнала својата кариера во локалните весници и станала позната во 2012 и 2013 година со нејзиното известување за судењето на членовите на Пуси Рајот и кривичните истраги против поддржувачите на руската опозиција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olga Skabeeva (@skabeevaov)

Таа го привлече вниманието на телевизиските критичари поради извештаите за антивладини собири, а еден ја опиша како „специјална сила на руската државна телевизија“. Еден блогер ја нарече „железна марионета на телевизијата на Путин“, велејќи дека има „метални очи и железен глас“.

Во 2018 година, Скабејева била вклучена и во руските обиди да ја дискредитира британската истрага за труењето на Сергеј и Јулија Скрипал во англискиот град Солсбери. Сергеј Скрипал бил поранешен руски двоен шпион, кој бил отруен.

Британските власти тогаш идентификувале двајца осомничени Руси кои стоеле зад труењето кое исто така резултираше со смрт на Британката Dawn Sturgess. И покрај ова, телевизиската програма на Олга Скабејева тврдела дека случајот е „разработен британски заговор за оцрнување на Русија“.

Таа и нејзиниот сопруг се „тешки“ 4 милиони долари

Во еден бизарен и хомофобичен извештај за геј браковите во Британија и Франција, Скабејева изнела лажна информација дека 40 отсто од британските деца одгледувани од истополови родители „имаат сексуално преносливи болести“, што беше само едно во низата невистинити тврдења емитувани во нејзината телевизиска емисија, која таа ја водела со нејзиниот сопруг од 2016 година.

Не е јасно кога точно Скабејева го запознала Попов и се омажила за него, но парот е меѓу најбогатите руски пропагандисти и нивното богатство се проценува на повеќе од 300 милиони рубљи (околу четири милиони долари). Нивното богатство беше откриено во истрагата спроведена од Антикорупциската фондација (ФБК), основана од затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални.

Според руското издание на The Insider, таа заработува 2,8 милиони рубљи годишно, додека Попов заработува 12,9 милиони. Единствениот пријавен извор на приходи е руската државна медиумска компанија и нејзината подружница Русија-1. Затоа, нивното огромно богатство е прилично необјасниво.

Слични објави

Кончита Вурст повторно на сцената на Евровизија: Еве ги останатите изненадувања за финалето

еспресо

(Фото) Големи нереди на Евровизија: Илјадници Палестинци и нивни поддржувачи протестираат пред арената во Малме

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша отвора онлифанс-профил, ќе позира само за возрасни: „Наскоро!“

еспресо

Познатиот српски пејач паднал од пет метри висина: Рокерот сериозно повреден по несреќата

Еспресо

„Сакам да бидете домаќини“: Марија Шерифовиќ им посака победа во Хрватска

Еспресо

Бејби Лазања го критикуваат поради знакот што го покажа на Евровизија: Откриено што се крие зад сето тоа

Еспресо
Се вчитува....