23.8 C
Скопје
16:23 - 20 октомври, 2026

(ВИДЕО) Доктор Горан за здравствената состојба на Џастин Бибер: Пејачот треба да направи ХИВ – тест

Познатиот доктор – инфлуенсер кој личниот и професионален живот, посветено и несебично го споделува со своите фанови на социјалните мрежи, познат по името Горан Трајковски или попознат само како доктор Горан вчера на својот инстаграм – профил сподели видео на кое објавува за здравствената состојба на Џастин Бибер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Trajkovski (@doktor.goran)


Пејачот објасни дека има синдром Рамзи Хант, поради што не може да мрда половина од лицето и да се качи на сцената.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)


Џастин Бибер најави дека ќе паузира од концертите бидејќи боледува од парализа на едната страна од лицето. Во видеото на Инстаграм, пејачот објасни дека има синдром Рамзи Хант, поради што не може да мрда половина од лицето и да се качи на сцената.

„Вирусот ги нападна моите ушни и фацијалните нерви и предизвика парализа на моето лице“, рече тој. „Како што можете да видите, ова око не трепка. Не можам да се насмевнам од оваа страна на лицето, оваа ноздрва не се движи. Значи има целосна парализа на оваа страна од моето лице. „Моето тело ми кажува дека морам да успорам“, додаде Бибер. „Се надевам дека разбирате. Само ќе го искористам ова време за да се одморам и да се опуштам, и да се вратам сто проценти за да можам да го правам она за што сум родена“.

Во последните денови, Бибер, зборувајќи за „влошување на неговата здравствена состојба“ објави дека откажал два концерта во Торонто, Канада.

Доктор Горан за своите следбеници даде убаво објаснување зошто овој вурус го нападнат телото на младиот пејач. На крајот на обраќањето докторот наведе дека е пожечно пејачот да направи ХИВ – тест.

Проследете го видеото:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Trajkovski (@doktor.goran)

„Се што треба да знаеш во 3.5 минути. Секако му посакувам брзо опоравување на Џастин Бибер“ – напиша Доктор горан во опсиот на видеото.

Синдромот Рамзи Хант е невролошка болест која најчесто произлегува од сериозните последици од инфекцијата со вирусот Херпес Зостер. Овој вирус ги парализира нервите на лицето и формира пликови на надворешното и внатрешното уво, во близина на носот и устата.

Меѓу најчестите симптоми на синдромот Рамзи Хант се парализа на мускулите на лицето на страната погодена од минлива или трајна инфекција; осип и плускавци околу увото;
вртоглавица која трае со денови или недели; губење на слухот, кое може да биде трајно или делумно или целосно да се излечи; промени во чувството на вкус; болка во увото.

Третманот на синдромот Рамзи-Хант варира во зависност од типот на дијагнозата, зашто постојат три типа на вирусот. Третманот од првиот тип, на пример, е симптоматски по природа и се земаат лекови за напади и епилепсија. Што се однесува до вториот тип, сепак, третманот на кожните лезии е обично едноставен и не одзема многу време, додека парализата на фацијалниот нерв ќе бара специфични третмани со лекови, вежби и масажи. Конечно, терапијата индицирана за третиот тип на Рамзи-Хант синдром е од фармаколошка и физиотерапевтска природа, но не гарантира целосно обновување на подвижноста на раката.

 

Слични објави

Глумеше од душа и донесе милиони насмевки, а почина заборавен од сите: Пред 23 години нè напушти легендарниот Чкаља

Еспресо

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

(Фото) Маја Шупут уживаше во вечерно излегување со новото момче: „Маса само за нас двајца“

Еспресо

„Жената што ме донесе на свет сè уште се прашува каде згрешила“: Синот на Лила со емотивна порака за мајка си

Еспресо

Крај на едно пријателство — Деси Слава ги прекина сите врски со Азис откако тој ја откажа соработката за нејзиниот концерт

E.A.

(Фото) „Мил мој, те сакам“: Ана Ивановиќ објави емотивна порака, нема поголема љубов од оваа

Еспресо
Се вчитува....