15:11 - 9 ноември, 2026

Том Хенкс без влакна на јазикот откри што навистина мисли за „Кодот на Да Винчи“

Во новото интервју за престижниот Њујорк Тајмс, Хенкс без влакна на јазикот зборуваше за неговиот актерски ангажман во филмската трилогија „Кодот на Да Винчи“ заснована на хит-романите на американскиот писател Ден Браун.

65-годишниот актер прифаќањето на овој ангажман го нарече „курвински“, но не се пожали на хонорарот добиен за улогата на професорот по симболологија на Харвард, Роберт Ленгдон.

Во интервју за „Њујорк тајмс“, Хенкс не се воздржа да го изрази негативното мислење за бестселерите на Ден Браун, и да ги нареча исто како и филмовите, „лов на богатство што е историски точен, како што се филмовите за Џејмс Бонд точни за шпионажата“.

Хенкс ги предводеше сите три филма во улогата на Роберт Ленгдон, „Кодот на Да Винчи“ во 2006 година, „Ангели и демони“ во 2009 година и „Инферно“ во 2016 година. Сите три мистериозни трилери беа режирани од холивудската икона Рон Хауард, а Хенкс за секое продолжение на банкарската сметка добиваше помеѓу 20 и 25 милиони долари.

И покрај тоа што знаел дека филмовите се несомнено лоши, тој не жали „премногу“ за тоа.

„Во времето кога го снимавме „Кодот на Да Винчи“ го прославував мојот 40-ти роденден. Снимавме ноќе во Лувр. Ги сменив панталоните пред сликата на Мона Лиза. Ми донесоа роденденска торта во музејот. Кој може да го доживее тоа искуство? Дали има цинизам? Секако дека не“, коментира тој во своето ново интервју.

Кога беше премиерно прикажан во 2006 година, „Кодот на Да Винчи“ ги вознемири католичките водачи ширум светот, но контроверзите не му наштетија на неговиот комерцијален успех. Само во Америка, тој успеа да заработи над 200 милиони долари.

За време на снимањето на продолжението „Ангели и демони“ во Италија, Хенкс и Хауард повторно наидоа на противење и им беше забрането да снимаат во две римски цркви.

Слични објави

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.
Се вчитува....