22:02 - 8 ноември, 2026

Истражна комисија на САД: „Трамп во центарот на обидот за државен удар“, презентирано шокантно видео

Заврши првото рочиште од истрагата за настаните од 6 јануари 2021 година. Томпсон, претседател на комисијата рече: „Демократијата се уште е во опасност“. Републиканецот Чејн пак рече дека  „Трамп имаше план од седум точки да го поништи гласањето“.

Трамп е „во центарот на обидот за државен удар“ и нападот на Капитол Хил кој „не беше спонтан настан“. Ретро-сцената на тој 6 јануари се републиканци и ликови од опкружувањето на поранешниот претседател Донал Трамп, според кои насилството не било случајност, туку „последниот очајнички обид да се запре трансферот на власта“. Во јавната расправа за истрагата за нападот на американскиот Капитол, стигнаа најжестоки зборови од претседателот на комисијата, демократот Бени Томпсон, според кои „Заговорот за спротивставување на народната волја не е завршен“, „Во 1814 година Капитол бил нападнат од странска сила, додека на 6 јануари бил нападнат од внатрешни непријатели, по охрабрување на Доналд Трамп“, вели Томпсон. На судското рочиште беше прикажано шокантно видео со немонтирани слики од немирите, каде се гледаат нападнати полицајци кои бараат помош, слики од насилство на толпата која упадна во храмот на американската демократија и извиците на демонстрантите кои извикуваат „обесете го Мајк Пенс“.

Дури и најблиските советници на Доналд Трамп му рекле дека изгубил на редовните избори.

И Џејсон Милер, советник на тогашниот претседател, му покажал на Трамп дека податоците покажуваат дека тој изгубил. Како и Вилијан Бар, поранешниот министер за правда: „Имав три разговори со претседателот Трамп и јасно му кажав дека не верувам дека изборите се украдени, и дека обидот да се поништи резултатот од гласањето беше „глупост“.

Според конгресменката Лиз Чејни, исто така републиканка „Трамп не го осуди нападот, тој го оправда“, целта на Трамп била да остане на власт и покрај поразот на изборите, а нападот на Капитол не бил спнтан настан.

Следното рочиште на Истражната комисија на САД ќе се одржи на 13 јуни.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....