12:54 - 27 ноември, 2026

Бајден на самитот на Америка: „Ќе има уште една пандемија, мора да се подготвиме“

Претседателот на Соединетите Американски Држави ги повика другите шефови на држави и влади на континентот да „работат заедно“ за да се справат со предизвиците за иднината на регионот: од енергетската транзиција до „невидена“ миграција.

„Ќе има уште една пандемија и треба да бидеме подготвени да се соочиме со неа со потребните вакцини и третмани“. Ова го изјави американскиот претседател Џо Бајден, говорејќи на отворањето на Самитот на Америка што се одржува во Лос Анџелес.

Бајден ги повика другите шефови на држави и влади на континентот да работат заедно за да се справат со предизвиците за иднината на регионот, од здравствената вонредна состојба до енергетската транзиција, од несигурноста на храна до „невидена“ миграција, и до афирмација на демократијата.

„Нема причина зошто западната хемисфера да не биде најпросперитетна и најдемократска во светот, рече Бајден, уверувајќи дека „што и да се случува во светот, американските држави секогаш ќе биде приоритет за САД.

Слични објави

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....