21:58 - 22 декември, 2024

Хороскоп за 8 март недела – Погледнете каков ден ве очекува денес…

Овен

Денешниот ден ќе ви го врати ентузијазмот и живоста, па можно е да посакате да создадете многу нови работи. Дозволете си да бидете детинести и безгрижни. Тоа е прекрасно чувство. Партнерот постојано ќе биде покрај вас.

Бик

За да го промените вашиот живот, потребно е да ги промените вашите приоритети. Доволно долго време се занемарувавте себеси, ставајќи ги сите останати пред вас. Станете си најважната личност на светот. Некои ракови ќе имаат потреба да ги направат поттурнуваните третмани за убавина или да посветат повеќе време за нега на нивното тело.

Близнаци

Секое приспособување кон колегите ви прави додатна нервоза. Но денес ќе морате да почекате некој друг да донесе одлука од ваше име. Ако сте слободни, веќе подолго време сте заинтересирани за една личност која се однесува незаинтересирано. Колку и да се обидувате, не ви успева да ја заинтересирате.

Рак

Денешниот ден ќе ви биде предвесник дека за вас доаѓа весел период. Ќе успеете да ги потиснете мислите на домашните обврски и вистински ќе се забавувате. Некои бикови ќе прифатат покана во пет до дванаесет за патување. Сепак, важно е однапред да ги пресметате финансиските трошоци.

Лав

Ви се зголемува опасноста од кавги што ќе го ограничи вашето делување. Нема да имате енергија, ќе бидете раздразливи и најчесто лошо насочени. Вашите проекти можат да се изјаловат, бидејќи нешто сосема грешно сте направиле. Не е време за започнување на нови работи иако во моментот имате и некои добри показатели. Во приватниот живот ситуацијата е средна, но со тенденција на подобрување

Девица

Одличен ден за работа. Со поамбициозните работи сте на прав пат па затоа ќе имате напредок. Односите со соработниците и претпоставените се задоволителни, а финансиската состојба ви задава грижи. Во приватниот живот ќе имате многу среќен ден. Ќе бидете привлечни за личностите од спротивниот пол.

Вага

Деновиве ќе се потрудите да започнете нешто ново, што во иднина ќе донесе материјална сатисфакција. Не оптоварувајте се и обидете се да ги отфрлите црните мисли.Работите ќе се одвиваат токму така како што сте замислиле. Со партнерот се обидувате да најдете заеднички јазик околу некои важни работи, но тоа во моментов не е можно.

Скорпија

Потребно е да вложувате многу труд за правилно и навремено извршување на работните задачи и воопшто за постигнување на некој успех. Комуникативноста денес ќе ви биде одлична , но тоа не значи дека треба да се впуштите во решавање на проблемите поврзани со склучување на договори. Во љубовниот живот ќе морте да го расчистите лошиот однос со партнерот. Бидете директни.

Стрелец

Денес ќе чувствувате огромно задоволство кога ги елиминирате домашните обврски. Започнете рано наутро за да можете да имате повеќе време за релаксација подоцна. Заслужувате одмор, па дајте си го. Некој ќе ви помогне да решите голем проблем во момент кога тој ќе ви изгледа нерешлив.

Јарец

Ситуацијата полека ви се разјаснува и почнувате да повлекувате конкретни потези околу некоја работа која сте ја започнале. Во изминатиот период направивте многу грешки и ќе ви треба уште време да ги санирате, но најважно е дека сега знаете оти сте на вистински пат. Ако сте слободни, денес никако не затворајте се дома.

Водолија

Со причина ќе бидете загрижени за понатамошниот развој на случувањата врзани со работното место. Моменталните случувања се доста сериозни, но секако дека вие не сте единствени кои се соочувате со преоблемот. Што се однесува до љубовта расправиите кои ќе ги имате со вашиот партнер се доста негативни за врската.

Риби

Денес ќе се обидете да ја добиете довербата на една личност која е многу важна за вашите идни планови. Бидете јасни и конкретни во излагањето. Само на тој начин ќе го добиете она што ви е потребно и она што го сакате. Обидете се да ја контролирате љубомората и да не си правите проблеми во емотивниот живот. Несигурноста која ја чувствувате ве тера да го контролирате партнерот, и тоа ви прави напнатост во комуникацијата.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....