0.8 C
Скопје
19:06 - 18 јануари, 2025

Хауард Стерн: „ВИЛ СМИТ мора да има ментална болест!“

На популарниот радио водител Хауард Стерн му „пречеше“ нападот на Вил Смит врз Крис Рок на Оскарите 2022 година и тврди дека актерот од „Кралот Ричард“ мора да страда од ментална болест.

„Кога не можете да го контролирате вашиот нагон, тоа е знак на голема ментална болест. Тоа секако не беше навредлива шега. Тоа не беше ни добра реплика“, рече Стерн (68) во понеделникот во своето шоу SiriusXM, мислејќи на репликата на Рок за ќелавата глава на Џеда Пинкет Смит.

„Шегата, искрено, беше под нивото на Крис Рок. За еднократна употреба“, додава тој. Но, Стерн тврди дека обожавателите виделе „маж што има вистински проблеми“. „Тој не размислуваше двапати за тоа што ќе го направи“, рече Стерн. „Лудо е кога не можеш тда се воздржиш“.

Водителот на радио емисија рече дека Рок – кого го опиша како љубезен, но не и борец, само се обидел да си ја заврши својата работа, а Смит е „очигледно луд“.

„Кутриот Крис Рок е комичар и само се обидува да го помине денот за да ги насмее е*ените луѓе на таа ужасна церемонија“, рече Стерн.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Howard Stern Show (@sternshow)

Стерн продолжи да ги брани коментарите на Рок, велејќи дека шегата не била ни толку навредлива. „Тој ја спореди Џеда Пинкет Смит со една од најубавите жени на светот Деми Мур“, изјави Стерн. „Но тоа не значи да ги удрите луѓето поради говорот, секако не на доделувањето на Оскарите. Вил Смит мораше да се воздржи“.

Популарниот водител исто така, рече дека е неприфатливо што никој не направил ништо за да ја спаси ситуацијата и едноставно му дозволиле на Смит да продолжи да си седи во публиката.

„Холивуд е огорчен поради секоја ситница. Но, никој не стана и рече: „Чекај, овде имаме ситуација надвор од контрола“, рече тој.

„Како е можно на ова момче да му биде дозволено да седи таму до крајот на церемонијата, да продолжи да се смее и да се забавува со својата сопруга“, продлжува Стерн.

Стерн на почетокот рече дека мислел дека нападот бил исцениран, но потоа сфатил дека нападот бил резултат на афетивност, на импулс.

„Првата работа што ѝ реков на жена ми: „Што се случува, по ѓаволите? Дали е ова малку премногу? Зошто? Каде е обезбедувањето?“, се присети тој. „Ова е телевизиски настан во живо. А, ниту една личност не излезе, не се вмеша, бидејќи тоа е Вил Смит“.

„Така е и со [Доналд] Трамп, се разбира, и со неговите сра*а… Вил Смит и Трамп се иста личност. Тој одлучи да ги преземе работите во свои раце, во време кога светот е во војна. Лош тајминг, човеку, смири си го еб*ниот задник“ – продолжува радио водителот.

Радио водителот се пошегува дека Смит (53) станал да се тепа со Рок (57), само затоа што е многу помлад од комичарот.

„Ако Џејсон Момоа ја направеше таа шега, Смит, како куче, ќе седеше таму на неговото место. И тој би рекол: „Ви благодарам што ја препознавте мојата сопруга, г-дин Момоа“, се пошегува Стерн.

Стерн, исто така, истакна колку е чудно што Смит не бил уапсен поради неговиот јасен напад на Рок, иако Рок не поднел жалба. „Зошто мора да поднесе жалба? Го видовме во живо на ТВ со свои очи“, рече Стерн.

 

Слични објави

(Фото) Северина ужива на Малдивите во фустан од 2800 евра

Еспресо

Поранешниот дечко на Цеца стана татко: „Нема поголема среќа од тоа што добив син!“

Еспресо

(Видео) За 12 дена одмор „искешира“ 20.000 евра! Милица Павловиќ сама замина на егзотична дестинација

Еспресо

Сандра инсистира: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ го поканила на ручек, а дали тој прифатил?

Еспресо

(Фото) Совршено утро во кревет на Тајланд, снаата на Брена откри дека Виктор ја третира како кралица: „Љубовта на мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 18 јануари: Јарците не знаат кај им е главата, Рибите ќе ја променат работата, а вие?

apostolova
Се вчитува....