5.8 C
Скопје
03:11 - 1 април, 2026

Хари и Меган својот син го „држат“ на веганска исхрана: Кралицата загрижена за здравјето на малиот Арчи

Откако на почетокот од годинава 35-годишниот принц Хари и неговата 3 години постара сопруга Меган Маркл објавија дека се повлекуваат од кралското семејство и започнуваат живот на релација САД – Канада, подалеку од очите на јавноста и стресот, сега имаат повеќе време да уживаат во новиот, помирен живот, но и да посветат повеќе време на својот 9-месечен син Арчи.

Меѓутоа, нивната посветеност, но и начин на одгледување на малиот Арчи не се допадна на многумина. Всушност, The Sun пишува дека Хари и Меган го „тераат“ својот син на веганска исхрана, што воопшто не ѝ се допаѓа на кралицата Елизабета.

Уште од самото раѓање на наследниот, Хари и Меган го хранат со зеленчук, но и самите се учат да подготвуваат веганска исхрана. Извор близок на парот открива дека најмногу сакаат кога готват самите за себе, а Меган на Хари му покажала како се подготвува храна базирана на билки.

„Хари не беше најдобриот готвач кога ја запозна Меган, но таа го учи на сите трикови. Меган јаде само органска храна, а таа и Хари направија и сопствена бавча во близина на дворецот Виндзор“, откри извор близок на тричленото семејство.

Profimedia

Според изворот, Меган поголем дел од времето строго се придржува токму кон билната исхрана, иако понекогаш има „ден на мамење“, а се надева дека по истите стапки ќе тргне и нејзиниот син.

Сепак, ставовите на Меган воопшто не ѝ се допаѓаат на кралицата Елизабета.

Кралицата нема да го толерира тоа. Поради тоа дојде до напнати расправии помеѓу Меган и Хари, кој не сака да ја вознемирува својата баба. Тој се надева дека Меган ќе се смири и малку ќе попушти. Изгледа дека Меган баш и не ги почитува традициите на кралското семејство, но кралицата едноставно нема да толерира одгледување на детето како веган, првенствено поради неговото здравје“, заклучува изворот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....