20.8 C
Скопје
10:50 - 29 април, 2024

ХАМИЛТОН отворен за соработка со ВИЛ СМИТ: „Ќе го раскажам својот пат до успехот во Формула 1 преку филм“

Луис Хамилтон вели дека би сакал да работи со холивудскиот актер и продуцент Вил Смит.

Возачот на „Мерцедес“ објаснува дека филмот на Вил Смит за тениските легенди Серена и Венус Вилијамс го инспирирал да размислува за биографски филм кој го раскажува неговиот сопствен пат до успехот во Формула 1.

Направен со поддршка на семејството Вилијамс, „Кралот Ричард“ ја раскажува приказната за тоа како Ричард Вилијамс направил од своите ќерки тениски ѕвезди, но истовремено формирајќи ги како личности со широко образование.

Филмот е продуциран од Смит, кој веќе има освоено БАФТА за најдобар актер, а годинава Смит го освои ѝ Оскарот.

Хамилтон, кој е пријател и на сестрите Смит и на сестрите Вилијамс, рече дека приказната за подемот на Серена и Венус е инспирација, и дека е подготвен да го раскаже сопствениот пат до врвот на Формула 1 со поддршка на неговото семејство.

„Имав навистина среќа што зборував со Серена и Венус за целиот процес и колку тие беа возбудени“, рече тој на прашањето за филмот.

„И секако го познавам Вил, многу сум горд на она што тој го претстави со овој филм. Навистина бев трогнат од приказната, од начинот како е претставено нивното напредување во кариерата, го видовме нивниот успех, искушенија и неволји“ – додаде Хамилтон.

„Но, како и сите ние, не секогаш разбираме што е потребно за да стигнеме до таму, на врвот. Луѓето веројатно мислат дека тоа е така зашто тие се едноставно најдобри, а не ја разбираат посветеноста, времето и жртвата што треба да се вложат. А Вил успеа да го истакне токму тоа“, продолжува формула 1 возачот.

„Зад секој што е успешен секогаш стои некој. Имам неверојатно семејство без кое не би бил овде денес. Мислам дека ова се инспиративни приказни за семејствата. Сигурен сум дека секој што има деца го сака најдоброто за своите деца и сака да создаде најдобра можност и да ги поттикне на вистински начин, а филмот одлично покажа како можете да го направите тоа“.

Хамилтон истакна дека засега приоритет му е документарниот филм кој моментално го снима.

„Мислам дека еден ден ќе го направм истото, ќе го раскажам својот пат до успехот во филм, зашто, како што споменав, ако вашата приказна може да има позитивно влијание дури и на една личност или едно семејство, тоа би можело да биде неверојатно“, објасни Хамилтон нагласувајќи дека сака на својот филм да работи со Вил Смит.

Луис Хамилтон за ПРОБЛЕМИТЕ со менталното здравје: „Чекорот напред е постојан напор, но мора да продолжам да се борам!“

Слични објави

Уапсен Жерар Депардје! Ќе биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени

еспресо

Тања Савиќ тајно се омажила со пилотот Муки: „Мојот сопруг е навистина прекрасен…“

еспресо

Велики понеделник: Што не треба да се прави на првиот ден од Страсната недела

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 29 април: Скорпиите да внимаваат на парите, Овенот да започне врска

еспресо

Стиснете заби до празниците: Судбината болно ќе ги погоди овие два хороскопски знаци

еспресо

Мелина тврди дека не ја слушала музиката на Харис Џиновиќ, тој ѝ одбруси: „Гледаше во мене како во споменик!“

еспресо
Се вчитува....