4.8 C
Скопје
07:39 - 20 октомври, 2026

(ВИДЕО) Проблематичен полицаец отпуштен бидејќи имал секс додека бил на должност

Лери Бенџамин Томпсон, буквално до вчера полицаец од Џорџија, поднел оставка откако некој го снимил во незгоден момент и сето тоа го објавил на TikTok.

Томпсон бил фатен како ужива во орален секс во близина на патролното возило, а бил забележан од еден од работниците во блиската телекомуникациска кула.

@318dillydilly

🤌 #fypシ #macysownyourstyle #MillenGa

♬ Thinking with My Dick (feat. Juicy J) – Kevin Gates

Полицаецот очигледно сè уште бил на должност во тоа време, а возилото го паркирал во близина на гробиштата во градот Милен.

Американските медиуми пишуваат дека и денес на многумина не им е јасно како Томпсон се уште ја носел униформата, бидејќи претходно бил вклучен во три далеку полоши инциденти.

Имено, тој во ноември 2019 година учествувал во сообраќајна несреќа во која загинал 76-годишен возач (било измерено дека Томпсон тогаш возел со 138 километри на час), а две години претходно пукал од својот пиштол во раката на колегата.

Тогаш служел во локалната противпожарна единица и при одбраната истакнал дека пиштолот бил неисправен, а во 2020 година неговата партнерка го пријавила за малтретирање.

@318dillydilly

👮‍♂️ #fyp #DeserveADrPepperDuet #checkmeoutchallenge

♬ Rocking A Cardigan in Atlanta – lil Shordie Scott

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....