18:32 - 6 септември, 2026

Ѓорѓе Давид се расплака поради сообраќајната несреќа што му се случи во Македонија: „Не е лесно да живееш знаејќи дека си одзел нечиј живот“

Популарниот музичар од Србија Ѓорѓе Давид, познат како еден од најелоквентните членови на жирито на Ѕвездите на Гранд, проговори за страотната сообраќајна несреќа што му се случи пред две години во Македонија, во која животот го загуби една жена.

Давид многу ги сака Македонците и Македонија и тоа често го кажува и  јавно. Доказ за тоа се и успесите на нашите натпреварувачи на кој тој им е ментор, а стигнуваат до првите места.

Судот одлучи музичарот да биде ослободен од казна за сообраќајната несреќа, со оглед на тоа што другиот автомобил со кој се судрил се движел во спортивна насока на автопад.

Беше голема магла,  – 2 степени, 21 јануари 2024 година. Пријателот Зоки, во чиј хотел престојував ми рече „не оди вечерва, наспиј се, тргни си утре наутро, погледни какво е времето лошо и птиците одат пеш“. Слава ми е, остани. Јас не попуштав, сакав да стигнам порано затоа што бев договорен со кандидатите. Прст пред око не се гледше, не можеше да се вози со дозволената брзина од 130 километри на час и да сакаш. Но без оглед и 105 да возиш, тоа  е секако голема брзина – вели тој во поткастот кај „Лазаров“.

Давид се расплака потсетувајќи се на кобниот момент. Автмобилот кој се движел во погрешна насока претходно удрил во друг автомобил. Мајката на загинатата девојка била излезена надвор на сред автопат зачудена да види што се случило. Во тој момент Ѓорѓе удрил во нивниот автомобил во кој се наоѓала девојката која била сопатничка и загинала на лице место.

Не е лесно да живееш со тоа знаејќи дека си одзел нечиј живот. Нечија ќерка, мајка, жена… Голема болка е. И јас сега треба да живеам со тоа – вели тој со солзи во очите.

Давид јавно се забалгодари за правичната судска постапка и на професионалноста на Теута Арифи.

 

 

 

Слични објави

Беби Дол по долго отсуство од јавноста влегува во „Елита 10“ и има јасна порака до станарите

Еспресо

Девојката на Виктор Живојиновиќ им одговори на критичарите: „За него сум најдобра, тој мене ме избра!“

apostolova

Катарина Живковиќ откри дека посакува уште едно дете: „Подготвена сум за второ“

apostolova

Неделен хороскоп од 7 до 14 септември: Добар период за подобрување на материјалната ситуација

Еспресо

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Ѓумбирот е лековит, но не за сите! Кој не смее да консумира ѓумбир?

Т.Ц.
Се вчитува....