22:29 - 6 ноември, 2026

(Фото) Едита Арадиновиќ го сподели првиот заеднички момент со таткото на нејзината ќерка: „Мама, тато и Зоиа ви се заблагодаруваат“

Пејачката Едита Арадиновиќ, која неодамна стана мајка, сподели прва фотографија со таткото на својата ќерка Зоиа, направена во породилиштето.

Едита се породи вчера и на свет ја донесе малата Зоиа, а по породувањето се огласи на социјалните мрежи за да им се заблагодари на сите за честитките и убавите желби.

Набрзо потоа, пејачката објави и фотографија на која ја држи својата ќерка во раце, додека покрај неа стои таткото на девојчето. Според фотографијата, тој на новата мајка ѝ донел прекрасен букет рози.

„Мама, тато и Зоиа ви се заблагодаруваат“, кратко напишала Едита покрај објавата.

Пејачката сподели и видео во кое ја ниша својата ќерка, а во описот им се обрати на сите што ѝ испратиле честитки.

„Сакам на сите да ви одговорам, но тоа е невозможно, па затоа вака сакам на сите без исклучок да ви се заблагодарам за прекрасните честитки“, напишала таа.

Потсетуваме, Едита се породи вчера, а според претходните информации, породувањето поминало во најдобар ред и било извршено со царски рез.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....