08:17 - 27 ноември, 2026

Миа Костова и Тамара Тодевска во одбрана на Љупка Митрова по недоличните коментари упатени кон неа

Македонската модна дизајнерка, инфлуенсерка и сопственичка на модниот бренд „Митрофф“ во емисијата „Полиграф“ отворено зборуваше за својот приватен живот. 

Таа често е мета на критики и озборувања, па и со ова нејзино јавно појавување не помина незабележана.

Љупка Митрова пред полиграф откри за што била казнета: Љубител сум на брзо возење, а со „порше“ се вози брзо

По бројните негативни коментари што беа упатени кон неа, се огласија многу познати личности во нејзина одбрана.

Познатата инфлуенсерка Миа Костова, поранешна водителка, распали по навредувачите , но упати и остра критика кон медиумите.

„Потребно е да се забранат коменатри при ваков тип на содржини. Кога некој се охрабрил да сподели нешто  лично и приватно, што има таму некој зад екраните да дава мислење за туѓ живот?“  напиша Костова.

Како што доддава таа, потребно е да се покаже малку почит кон гостинот. Тие коментари можеби ги чита некој негов близок кој би бил повреден од недоличните коментари.

Некои јавни личности имаат деца тинејџери, па ги читаат овие лоши коментарии и несоодветни зборови – вели Костова со објавата.

Оваа рекација на Костова ја сподели и Тамара Тодевска, која додаде дека го дели истото мислење.

Што мислите вие за говорот на омраза на социјалните мрежи, ќе му дојде ли крајот?

Слични објави

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо
Се вчитува....