08:13 - 7 ноември, 2026

(Видео) Софија и Јаков Спасови му прославија роденден на кучето Кара: „Те сакаме бесконечно“

Софија и Јаков Спасови постојано покажуваат дека нивните миленици се рамноправен дел од семејството. Брачниот пар, заедно со двете ќерки, му го прослави роденденот на кучето Кара, а убавите моменти ги споделија со своите следбеници на социјалните мрежи.

На Инстаграм објавија видео од прославата, придружено со кратка, но емотивна порака:

„Среќен роденден, Кара наша. Те сакаме бесконечно.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofija Spasov (@sofijawithaj_)


Ова не е првпат семејството јавно да ја изрази љубовта кон своите миленици. Минатата година, по повод роденденот на Кара, Софија објави фотографија и искрена порака во која го опиша нивното секојдневие исполнето со деца, куче, мачка и многу емоции.

„Ние сме хаос – шарен, гласен, понекогаш леплив хаос. Ама наш е. И не би го менувала ни за мир, ни за тишина… И покрај малку сон, премногу обврски и повремени дебати околу тоа кој последен фрлил ѓубре – некако успеваме. Со љубов што не се мери во совршени моменти, туку во гушнати хаоси како овој“, напиша тогаш Софија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofija Spasov (@sofijawithaj_)


Освен Кара, семејството има и мачка по име Ехо, на која минатата година ѝ приредија роденденско изненадување и ѝ посветија објава со зборовите:

„Среќен роденден, Ехо. Ти не си мачка, ти си чиста љубов, бизала наша…“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofija Spasov (@sofijawithaj_)

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....