04:13 - 7 ноември, 2026

„Не сакаме да ни промовира сатанизам“: Се појави петиција против концертот на Карлеуша во Скопје

Неколку месеци пред закажаниот концерт на Јелена Карлеуша во Скопје, на социјалните мрежи се појави онлајн петиција со која се бара нејзиниот настап да биде откажан.

Во петицијата, чии фотографии се споделуваат на интернет, се наведува дека причината за ваквото барање е тврдењето дека пејачката наводно промовира сатанизам и ги навредува верските чувства. Засега не е познато колку луѓе ја поддржале иницијативата, ниту дали таа има каков било формален ефект врз одржувањето на концертот.

Настапот на Карлеуша е закажан за 17 октомври во арената „Јане Сандански“ во Скопје.


Во меѓувреме, под објавите поврзани со петицијата се појавија бројни коментари од нејзини обожаватели, кои се спротивставуваат на идејата за забрана на концертот. Дел од нив оценуваат дека станува збор за неоснована иницијатива и сметаат дека концертот треба да се одржи според планираното.

Јелена Карлеуша засега јавно не се огласи по повод петицијата.

Фото: Скриншот

Инаку, ова не е првпат пејачката да се соочи со слични иницијативи. Во изминатите години беа покренати петиции против нејзини настапи во повеќе градови во регионот, меѓу кои Сараево, Крагуевац, Суботица, Кикинда и Сомбор. Во дел од случаите концертите беа реализирани и покрај противењето на дел од јавноста, додека во Сараево настапот беше откажан.

Карлеуша неодамна се врати на музичката сцена со три нови песни и спотови, кои се најдоа меѓу најслушаните на регионалните музички платформи.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....